cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Домашен балсам против стрии

Направете си домашен балсам и спречете ја или ублажете ја појавата на стрии

Домашен балсам против стрии

 

Нема ништо поубаво од заоблен труднички стомак. Тоа за идните мајки значи засилена нега и хидратација на кожата, која секој ден се повеќе и повеќе се растегнува. И додека некои жени имаат растеглива кожа, други жени немаат таква среќа, па постои можност од појава на стрии, кои подоцна не можат да се отстранат.

Затоа многу идни мајки купуваат различни масла, односно козметички производи и препарати, кои треба да ја намалат можноста за појава на стрии, или да го намалат интензитетот на нивното ширење. Но тие производи се скапи и не може да си ги дозволи секоја трудница.

Заради тоа со вас споделуваме рецепт за балсам против пшојава на стрии. После премачкувањето со него, кожата ќе ви биде нежна, свиленкаста и еластична.

Состојки:

  • 4 лажици масло од јојоба
  • 4 лажици масло од кокос
  • 3 лажици маслиново масло
  • 55 грама какао путер
  • 55 грама шеа путер
  • 7-10 капки етерично масло од лаванда
  • 5 капки етерично масло од смил

На пареа загрејте го маслото од јојоба, кокос, маслиновото масло, какао и шеа путер и додадете една лажица вода. Постојано мешајте, додека состојките не се соединат. Тргнете го садот од пареа и додадете есенцијални масла. Уште еднаш добро промешајте и веднаш излијте во сад во кој планирате да го чувате балсамот. Балсамот со ладењето ќе се стврдне.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет