cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Др. Комаровски: Зачувајте го имунитетот кај децата

Нашата јавност е од неодамна запозната со Др. Комаровски, педијатар од Харков, кој ги едуцира родителите на територијата на бивша СССР. Темите кои ги обработува се разновидни, од уредување на домот, детски болести, животни ситуации, до удар на гром

Др. Комаровски: Зачувајте го имунитетот кај децата

 

Сезоната на настинки и вирусни инфекции е во ек и пред нас е период во кој децата се седум дена во градинка, па 14 дена дома и така во круг. Нашите педијатри советуваат слични мерки и горе долу знаеме што треба , а што не.

Не постојат медикаменти кои ја намалуваат веројатноста за заболување од вирусни инфекции, туку тоа го прават здравата исхрана, активниот начин на живот, доволно сон и насмевка. Како прво и основно Др. Комаровски го наведува престојот на отворено и избегнување на гужва: “Концентрацијата на вируси под отворено небо е илјада пати помала отколку во било која затворена просторија, дали тоа е стан, училница, автобус”, вели тој. заради тоа треба да се размисли два пати пшред да ги однесеме децата било каде, а тоа да не е надвор.

Тажна етката на војски деца на подвижни скали на трговските центри, каде што одат во игротека бидејќи е “ладно надвор”. Тажно е и што од детето кое оди во градинка ќе слушнете: “Денес не бевме надвор”.  “Зошто?”  “Па, ладно е”. Сигурно воспитувачите знаат колку е важен престојот надвор и се надевам дека е блиску моментот кога тоа навистина ќе биде задолжителен момент и кога ќе влезе во рубриката на “малтретирање на децата”.

 

Прочитајте ги петте конкретни совети на славниот руски педијатар

  1. Ако некој во непосредна близина кашла, кива, шмрка, држете растојание.
  2. Миењето на рацете и проветрувањето на просториите не треба да се повторува. И врапчињата знаат дека честичките на вирусите опстануваат со часови и денови во загушлив, топол и застоен воздух, а практично во истиот момент умираат на чист, ладен, влажен и свеж воздух.
  3. Оптимална температура во просторијата во која седите е 16-22 C и релативна влажност на воздухот 40-70%. Држете се до овие граници. Ако ви е ладно, облечете се, не ја претоплувајте просторијата. Одржувајте влажност и проветрувајте.
  4. Ставете ракавици кога морате да фатите нешто на јавно место (внимание на кваки и држачи во автобуси)
  5. Влажнете ја слузокожата на дишните патишта. Користете капки или аеросоли на база на солен раствор. Испирајте ја устата со обична вода.

И многу важна напомена на Др. Комаровски: “Не постојат медикаменти кои ја намалуваат веројатноста на заболувања од вирусни инфекции. Веројатноста на заболувања ја намалува здравата исхрана, активниот начин на живот, доволно сон, насмевка и ведро расположение.”

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет