Дружењето со домашна мачка е здраво!
Мачките се едни од најомилените домашни миленици на луѓето. Припадничките на понежниот пол се повеќе склони слободното време да го поминуваат со нив. Дали сте знаеле дека ова може и да придонесе да го подобрите вашето здравје?
Многу истражувања докажале дека постојаната грижа за домашниот миленик, а особено за мачките придонесува луѓето кои доживеале срцев напад многу по лесно да се опорават. Исто така истражувањето покажало и дека луѓето кои постојано си "играат" со мачките имаат помала склоност кон депресија и што е најинтересно овие луѓе многу полесно ја преболуваат загубата на некој близок или раскинувањето на врската. Несомнено е, велат научниците, дека постојаното галење и играње со вашата мачка ве ослободува од голема количина на акумулиран стрес.
Сепак доколку сакате овие придобивки да ги имате и вие, освен тоа што ви треба мачка потребно е и редовна грижа за неа, редовно дезинфицирање, бањање и проверка кај ветеринар. Галењето и играњето со вашите домашни миленици сега и потврдено е здраво за вашиот организам, па доколку се придржувате до правилната хигиена и не сте алергични на истите, тогаш едноставно продолжете да уживате во забавата со вашиот омилен пријател мачката.