Двојна среќа за Натали Портман
Натали е многу зафатена во текот на изминатата година. Стомачето и расте, но таа не го намалува темпото на работа.
Верена за кореографот Benjamin Millepied, кој случајно беше неjзин кореограф во The Black Swan, Портман e подготвена да ги работи “ Your Highness” и “Thor”.
И покрај тоа што нејзината наградувана улога во "The Black Swan" и даде голема причина да слави со новата љубов, се чини дека нејзината тело-двојничка од филмот, стана малку љубоморна на вниманието што го доби актерката и почна војна на зборови, тврдејќи дека Портман едвај успеала да направи по некоја снимка од. Очигледно, ова е вистински пример за некој кој станал зелен од слава.
Производителите на филмот силно инсистираа на тоа дека Натали беше на врвот во 85% од нејзината улога, но, изгледа нема запирање за некој кој сака да си ја заработи славата. Бремената актерка продолжува да молчи за ова прашање, одбивајќи да се ставаат повеќе дрва на огнот. Таа е забележана како шета низ Њујорк со нејзиниот вереник, без шминка, облечена во фармерки и џемперче, изгледајќи прекрасно.
Се чини дека 29 годишната актерка ужива во оваа блажената состојба, после долгата листа на љубовници кои се врзуваа за нејзиното име, во изминативе години. Таа имаше прилично еклектичен микс во нејзиниот избор на мажите. Тука беа Jake Gyllenhaal и Lukas Haas, па и Moby! Девојката очигледно знае што да избере. Останува надежта дека таа и Benjamin Millepied ќе продолжат да “танцуваат” заедно уште многу години.