Епидуралната анестезија може да предизвика аутизам?!
Многу родители се загрижени дека епидуралната анестезија ќе ги зголеми шансите за развој на аутизам кај детето. Видете дали ова е вистина
Комплексноста на епидуралната анестезија за време на породувањето не е поврзана со аутистични нарушувања кај децата, според една студија спроведена врз деца од Данска, додека многу мал ризик е прикажан во една студија во Канада.
Андрес Прекман Микелсен и неговиот тим ја спроведоа студијата на деца родени во Данска од јануари 2006 година до декември 2013 година. Истражувањето опфати 479.178 деца, од кои 19,4 проценти биле изложени на епидурална за време на бременоста.
Резултатите покажаа дека во тој период, само 1,3 проценти од децата од вкупниот број имале аутизам.
Втората студија, спроведена во Канада од 2000 до 2014 година, вклучуваше малку помал број деца, но 28,7 проценти од нив беа изложени на епидурални. Се покажа дека 1,53 проценти од малите деца имале аутизам по епидуралната, а 1,26 проценти имале аутизам неповрзан со епидуралната.
Ова се многу мали проценти за да се покаже поврзаност помеѓу епидуралната и аутизмот, а научниците веруваат дека мајките дефинитивно не треба да се грижат дека епидуралот ќе доведе до развој на аутизам кај детето.