cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Филип Циглењак-Симоновски дете од соседството

Пред неколку години на малиот Филип Циглењак-Симоновски случајно му биле понудени платно и акрилни бои за сликање кон кои покажал особен интерес. Интересот се претворил во секојдневна авантура на Филип низ која ги води сите околу него

Филип Циглењак-Симоновски дете од соседството

Филип Циглењак-Симоновски дете од соседството, првата љубов на мама Ана-Марија и тато Љупчо.

Ана-Марија се сеќава дека на неполни две години од раѓањето на Филип започнува оној „новиот“ живот, со нови предизвици, со ново секојдневие, со нови „правила на игра“, живот на подеми и падови. Живот во кој малото дете Филип ги заборава своите играчки и игра, зборовите се претвараат во молк, очињата лутаат во просторот и така Филип влегува во свој нов свет, свет на аутизам.

Мама Ана-Марија и тато Љупчо иако тешко, но храбро и издржливо во тие мигови се соочуваат со стравот и неизвесноста од иднината. Вложувајќи максимум од себе, без да жалат, со секој предизвик низ кој поминуваат и ден денес стануваат похрабри и горди родители на Филип кој полека но сигурно допрва ја почнува својата успешна приказна.

 

1

Уметноста појака од аутизмот

Пред неколку години на малиот Филип Циглењак-Симоновски случајно му биле понудени платно и акрилни бои за сликање кон кои покажал особен интерес. Интересот се претворил во секојдневна авантура на Филип низ која ги води сите околу него. Секојдневно растела неговата желба за сликање која довела до тоа да расте и бројот на неговите дела преку кои всушност Филип ни го покажува светот низ неговите очи.

Ана-Марија кажува: „Вложувајќи максимум од себе да се обидувам да отворам мало прозорче во неговиот затворен свет и да допрам до него, до неговите мисли, до неговото срце. Не жалам за ништо, за ниту една моја жртва како родител. Денес, гледајќи кон минатото сфаќам дека не отворивме само мал прозор во неговиот свет, туку ги срушивме и ѕидовите дозволувајќи му на сонцето силно да ја огрее неговата искрена, емотивна личност.”

Исто така Ана-Марија кажува дека во таа борба исклучително голема поддршка добиле од Здружението „Во мојот свет“ овозможувајќи му на нејзиното дете високо квалитетни стручни третмани, психолошка и друг вид на поддршка не само на детето туку и на нив како родители. 

Филип е поинакво дете од другите, посебен и единствен на свој начин, мало детенце, голем уметник, личност која допрва ќе го зазема своето место во општеството и ќе ни биде голема чест на сите нас да бидеме дел од истото.

 

2

Уметничка сензација

Од неизвесност и страв, борба со околината и борба за подобрување Филип Циглењак-Симоновски стигна до епитетот уметничка сензација. Ние би го нарекле чудо од дете.

Денес Филип е редовен ученик во основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, во четврто одделение, каде покрај наставничката поддршка добива и од образовниот асистент.

Неговата мајка Ана-Марија кажува дека нештата од секојдневниот живот кои ние или ги приметуваме или не, за Филип може да бидат вистинска инспирација преку која се остварува како автор на прекрасни и уникатни уметнички дела.

Исто така таа вели: „Тој особено сака да ги комбинира боите, најчесто користејќи сликарски шпатули или сунѓер за нивно нанесување на платното. Најчесто слика мотиви од природата.  Јас како мајка најчесто сум до него кога слика, да му помогнам да го задржи фокусот на тоа што го прави, по потреба делувајќи со сугестија или насочување во сликањето. Она што е најважно од се е дека ние како родители ќе го поттикнуваме во сликањето сè додека тој се чувствува среќен и исполнет правејќи го тоа“.

Филип полека, но сигурно чекори по патот на успехот што за тоа кажува и неговата прва самостојна изложба кој се отвара на 14.12.2022 година во 11 часот во организација на здружението „Во мојот свет“, ЈУ. Детски културен центар – „Карпош“ и Идеа Лаб.

Во просториите на ЈУ. Детски културен центар – „Карпош“ ќе бидат изложени околу 40 уметнички дела на Филип.

За крај само ќе ја цитираме уметницата и едукаторка Кристина Божурска: „Делата на младиот Филип се вистинска искра радост. Најпрво одушевуваат со живиот колорит, а потоа ве втурнуваат во композициите од светли бои и впечатливи елементи инспирирани од природата и неговото опкружување. Филип е исклучителен сликар за неговата возраст. Се надевам ќе продолжи да ја развива креативноста и да создава дела преку кои ќе ни пренесува дел од неговиот разигран свет, стремежи и интереси“.

 

3

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет