cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Физикална терапија кај бебиња и деца

Најчести проблеми со кои се соочуваат новороденчињата се проблеми со горните, долните ектремитети, скочниот зглоб колковите, 'рбетниот столб, главчето и мускулатурата. Каде да се обратите за помош?

Физикална терапија кај бебиња и деца

Физикалната терапија е стручна методологија и гранка во медицината која има голема улога во процесот на рехабилитација и лекување  кај луѓето.

Најчести проблеми со кои се соочуваат новороденчињата се проблеми со горните, долните ектремитети, скочниот зглоб колковите, 'рбетниот столб, главчето и мускулатурата.

Сите овие состојби кај бебињата и децата  се вродени или моментално новонастанати после породување.

Најчесто кога родителите ќе се посомневаат дека нивното дете има проблем или дека нешто му се случило веднаш треба да побараат помош од својот доктор.

Докторот веднаш по прегледот ќе уврди дека бебето или детето треба да биде упатено на физиотерапевт.

Врз увидот на медицинската историја  на бебето и детето физиотерапевтот прави преглед па врз прегледот или веќе  констатираната  дијагноза започнува процес на рехабилитација.

Кај сите настанати и споменати здравствени состојби и проблеми кај бебињата и децата се прави посебен план и протокол  за работа.

Физикалната терапија има за цел да ја подобри подвижноста на целиот зглобен систем, додека мануелниот дел со масажата има за цел да ја зацврсти мускулатурата, да ја подобри циркулацијата и да ја зголеми силата на движење кај бебињата и децата.

Во зависност од самата дијагноза се започнува и ординира и лекувањето.

Кај бебиња и деца најчесто се јавува мускулен спазам, најчесто физикалната терапија кај оваа состојба  трае од 10 до 12 дена а најмногу до 15 дена.

Кај бебињата и децата кај кој што е констатирана една доста посериозна дијагноза лекувањето и рехабилитацијата траат во еден подолг временски процес од 15 до 21 ден, 6, 12 или 24 месеци.

Секоја рехабилитација е рехабилитација на индивидуален план и секоја рехабилитација зависи од самата дијагноза на бебето или детето.

Кај бебињата и децата со церебрална парализа за жал рехабилитацијата трае доживотно и истата рехабилитација само ги ублажува симптомите на болеста но не ги лекува  бидејќи самата прогресија на болеста не дозволува видливи резултати од самото лекување.

Сколиозата, кифозата, лордозата и другите проблеми настанати со мускуло-скелетната состојба се лекуваат, родителите треба да обрнат поголемо внимание кон бебињата и децата и за сите настанати здравствени состојни и проблеми да побараат стручна помош од доктор и физиотерапевт.

 

Стручна физио препорака, пред легнување навечер правете му релаксирачка  масажа на своето бебе без да употребувате голем притисок на сила.

Мануелните покрети да бидат релаксирачки.

Еден од начините кај кои можете да ги забележите настанатите состојби и проблеми со вашето бебе или дете е постојаниот преглед од ортопед и физиотерапевт,  а тука исто така од значителна помош е и правењето масажа кај бебето или детето  која  ја правите навечер пред спиење. Ова може исто така да биде помош која ќе ви помогне да го вклучите алармот за дополнителна посета на лекар или физиотерапевт.

 

 

Пишува:

Илија Жежов

Дипломиран физиотерапевт

ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет