cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Физиотерапија и лекување на ревматоиден артритис

Ревматоидниот артритис е хронично, воспалително,автоимуно заболување, при кое имуниот систем ги напаѓа зглобовите во процес оштетување. Главна клиничка презентација е појава на изразен полиартритис, но може да има и системски манифестации

Физиотерапија и лекување на ревматоиден артритис

Доколку навреме се упати пациентот на ревматолог, физијатар и физиотерапевт со раното поставување на дијагнозата може да се доведе со соодветно медицинско третирање и лекување на проблемот.

 

Ревматоидниот артритис го има кај сите раси и етнички групи но застапеноста е најмногу кај жените.

Причината за ова заболување е сеуште  непозната. Непознат антиген го напаѓа генетски предиспонираниот домаќин. Абнормален одговор на имунолошкиот систем има улога во појавата на воспаление на зглобовите. Евидентно е дека гените, хормоните, како и надворешни фактори се инволвирани. Хроничното воспаление на синовијалната мембрана на зглобот е во основа на заболувањето.

 

ЧЕСТИ СИМПТОМИ:

Болка, вкочанетост и појава на оток во зафатените зглобови се главните симптоми и знаци со кои се презентира заболувањето. Најчесто е  утринската вкочанетост која трае повеќе од половина час до 45 минути. Исто така се јавуваат  симетрични болки, отоци во рачните зглобови како и  ситните зглобови на шаките. Заболувањето  може да се зафати  и останати зглобови  лакти, рамења злобови, колена како и зглобовите на стапалата, колковите и горновиличните зглобови. Од рбетниот столб најчесто се  зафатени само првите два пршлени.

 

ДИЈАГНОЗА:

Дијагнозата се поставува врз основа дадените насоки за РТГ, земените факти и појаснувања од страна на пациентот како и физиотерапевтско ревматолошкиот извршен преглед.

Болеста најлесто може да ги зафати сите зглобови, протекува со влошувања и подобрувања, а со текот на времето настануваат деформитети, кои ја компромитираат функцијата на зглобовите.

 

ФИЗИОТЕРАПЕВТСКО ЛЕКУВАЊЕ:

Современиот начин на лекување на ревматоидниот артритис може значително да го промени текот на болеста. Битно е лекувањето за започне навреме најдобро во првите три месеци, најчесто се даваат медикаменти, како и рана фаза на физикална терапија.

Физиотерапијата најчесто вклучува кинезитерапија, индивидуални вежби со физиотерапевт, мануелна медицинска масажа, електротерапија како и хидрокинези терапија.

Лекувањето е процедурално во времетраење од 21 ден рехабилитација.

Доколку физиотерапевтот и ревматологот сметаат дека има потреба од дополнителен процес на рехабилитирање - лекување заднички со мислење носат заклучок за прололжување на терапија од плус 10 до 12 терапии се со цел да се постигне соодветниот резултат во процесот на лекувањето.

Целта во физиотерапевтската процедура е да се смири болката и воспалителниот процес,  да се забават радиолошките промени, и да се спречи прогресијата на заболувањето.

Хируршкото лекување кај ревматоидниот артритис доаѓа при напреднати состојби, кога има деформитети. Најчести операции се вградување на вештачки ендопротези на колкот или на колената.

Ревматоидниот артритис како и  процесот на лекување е долг и сложен процес, но и доста деликатен. Физиотерапевтот и пациентот заеднички взаемно се справуваат со оваа каприциозна болест во процесот на лекувањето.

Водењето на пациентите со ревматоиден артритис го спроведува ревматолог, физијатар и физиотерапевт а во одредени  случаеви при хирушки зафати од поголем дефирмитет ортопед - хирург.

 

Пишува: Физиотерапевт Илија Жежов

ЦЕНТАР ЗА МАСАЖА И ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕЛО

ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет