Фото: Чекале трета ќерка, родила син!
Погледнете го само лицето на оваа мајка, која очекувала да роди трета ќерка, но родила син. И ултразвукот понекогаш може да згреши
Можноста за ултразвук да го згреши полот на бебето во модерната доба е скоро невозможна, но сепак се случува. Ова е токму она што го доживеа Ненси Реј, мајка на три деца.
Ненси сподели детали за својата трета бременост на својот Инстаграм профил со нетрпение очекувајќи го доаѓањето на нејзиното трето дете кое требаше да биде „третата принцеза на тато“.
Очекувајќи трето женско дете, Ненси се породила и таму го доживеала најголемото изненадување во својот живот. Моќна фотографија од раѓањето на третото бебе направила фотографката Лорен Ололи и таа го овековечила точниот момент кога Ненси сфатила дека не ја роди ќерката што ја очекуваше, туку син! Нејзиното лице е смешна мешавина од радост и шок.
Покрај големото изненадување на мајката, сопругот дури и го открил бебето за да се осигура дека сепак имаат син.
„Ова е дефинитивно една од моите омилени слики во животот“, напиша Реј покрај оваа неверојатна фотографија.