cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Фото: Мајка гледаше како се раѓа нејзиното дете

clock-img

19.4.2016

Фотографиите од породување се секогаш прекрасни и моќни, но оваа сесија покажува сцени кои ретко се гледаат: пресреќна мајка го дочекува својот син преку сурогат мајка

Фото: Мајка гледаше како се раѓа нејзиното дете

 

Фотографката од Тексас Leilani Rogers неодамна сподели прекрасна фотосесија на Фејсбук, која ја прикажува мајката Kim Overton како во солзи го дочекува на свет својот син Оливер. Синот на Ким беше донесен на свет од ќерката на нејзината братучеда Синди, која доброволно се понуди да биде сурогат мајка, откако слушна дека Ким има фибридни тумори и не може да забремени.

Во емоционалниот пост на нејзиниот блог, Овертон објаснува дека и биле дијагностицирани фибридни тумори во 2005 година, кога имала 34 години. Докторите ја советувале да роди дете што побрзо. Околу 35 роденден и биле отстранети 11 тумори од ѕидот на материцата и започнала да се обидува да има дете.

Овертон го родила својот прв син на 39 години и се обидела да забремени повторно неколку години подоцна. Нејзините шанси за забременување биле многу мали. Овертон напиша:

"Водејќи емоционален разговор со мојата братучетка  за искуството со неплодноста и кажав дека се што ми треба е нова материца. Двете се смеевме...но тогаш започнавме разговор за нејзината 26 годишна прекрасна ќерка, која е мајка на две деца. Не знам како точно мојата братучедка и рекла на ќерка и, но подоцна таа ноќ Сидни, како ангел, ми се јави и ми рече дека ќе биде пресреќна ако може да помогне. Ми се понуди да биде сурогат мајка."

Секое раѓање е чудо, но за луѓето како Овертон, кои толку долго се бореле за дете, среќата е непроценлива. Во овој случај, емоциите се испишани преку целото лице на Ким и се прекрасен потсетник дека постојат милиони начини да се стане родител, но љубовта и радоста која ја чувствуваме кога за прв пат ќе го видиме своето дете е иста и непроценлива.

Погледнете ги фотографиите во галеријата.

 


Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет