Фото: Пар со 4 деца живее во автобус
Во ентериерот доминираат светлите бои, а семејството во овој дом на тркала минува мигови за паметење
Деби Мајс (33) од Велика Британија со сопругот Габриел (45) од Тексас и нивните 4 деца живеат во уникатен дом.
Тие купиле школски автобус и во рок од шест месеци го прилагодиле како дом, според потребите на нивното семејство.
Патуваат низ цела Америка, а ваквата одлука ја донеле откако почувствувале како во нивната огромна куќа се чувствуваат одвоени еден од друг и секој води свој живот.
Оваа авантура комплетно ги променила нивните животи, го зближила семејството и им дала неверојатно чувство на слобода. Велат дека животот им е многу поедноставен и заедно доживуваат неверојатни искуства.
Како изгледа домот на тркала на семејството Мајс погледнете во галеријата.