Го искачија Триглав на неполни две години
На неполни две години близначките Ана и Ања го искачија Триглав
На неполни две години близначките Ана и Ања го искачија највисокиот врв во Словенија , врвот Триглав на 2864 метри . Желбата од пред две години на мајката Наташа Стевановска Илиева се исполнила, вели битолчанецот Јоце Смилевски кој што е член на планинарските друштва „Ѓорѓи Наумов“ и „Пелистер“ од Битола.
Раскажува дека во неговото досегашно планинарско искуство, а е планинар 25 години, ова за него било голем предзвик, бидијќе во својот ранец на грб ја носел малата Ања. Кај таткото Трајче Илиев во ранецот била малата Ана а пак мајката ги носела потребите за децата.
– Тоа беше желба на мајката Наташа да го искачиме врвот Триглав кој што е еден од најтешките врвови за искачување на бившите југословенски простори.Заедно со Наташа ние по втор пат го искачуваме овај врв, вели Смилевски
Искачувањето било во пресрет на Илинден, и за среќа, како што вели, Смилевски поминало во најдобар ред. Раскажува дека по шестчасовно пешачење стигнале до планинскиот дом на 2 332 метри надморска височина каде и ноќевале, а следниот ден продолжиле до зацртана цел, искачување до врвот Триглав.
-Два дена траеше турата. Едниот ден се искачивме до Планика , потоа другиот ден станавме рано и од Планинка се искачивме до врвот.Иако магловито беше време, децата се добро поднесоа, вели Јоце Смилевски.