Гооолема детска претстава во сабота од 12ч. кај “Школка“
Со почеток од 12 часот,оваа сабота во Градски парк (кај “Школка“) во Скопје,ќе се изведе детската претстава на отворено “Роденденска приказна“ на која се поканети сите дечиња и родители кои се расположени за дружење, забава и учење за здравите навики
Со оваа претстава се комплетира кампањата “Патот до здрави заби“ на Натусана и Лакалут во која за првпат како актер ќе го видиме и детскиот супер-јунак Четко Четковски кој на сцената ќе настапи заедно со своите двајца другари Мартин и Манко.
Претставата почнува со будењето на двете братчиња, славеникот Мартин и големиот спанко – Манко и ги следи подготовките во пресрет на прославата за роденденот. А роденден како роденден, нема да помине без многу забава, насмевки и секако случки кои ќе се паметат и прераскажуваат - за тоа ни гарантираат една голема овошна торта, едно братче кое не сака да слуша и еден... потечен заб.
Радоста кај децата е загарантирана. Присуството на насмевки “кои светкаат“ е задолжително. Сабота, 12 часот!