cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Грижата за забите започнете ја уште од најрана возраст

clock-img

17.5.2023

Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното здравје во текот на животот. Всушност, тоа е од суштинско значење за квалитетот на животот, бидејќи убавите и здрави заби придонесуваат за физичкиот изглед и психичката состојба

Грижата за забите започнете ја уште од најрана возраст

Неодамна, Светската здравствена организација усвои нова дефиниција за оралното здравје на децата, вклучувајќи го како клучен фактор кој ни овозможува да зборуваме, да се смееме, да мирисаме, да џвакаме, допираме, голтаме, да чувствуваме вкусови, а најважно од с?, да пренесуваме емоции преку изрази на лицето. 

Стекнувањето здрави навики за грижа на забите е клучно, за да се избегнат посериозни болести на непцата во иднина, меѓу кои гингивитис и периодонтитис, и за да ги зачуваме колку што е можно подолго природните заби. 

 

Оралното здравје на децата започнува во семејството

Семејството претставува средина во која се формираат знаењата, ставовите и навиките во однос на оралното здравје на децата. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци, односно 85,7 отсто од децата чии родители редовно ги мијат забите, самите ќе ја развијат оваа навика.

 

Кариесот е една од најчестите појави

Нетретираниот кариес може да предизвика болка и инфекции што може да доведат до проблеми со јадењето, зборувањето, играњето и учењето. 

Најчест причинител на кариесот уште од најрана возраст е нoќнoто пиење млекo или сoкoви oд шише сo цуцлa. Затоа многу е важна грижата за устата уште од најмала возраст.

Хигиената на усната празнина започнува уште пред да никне првото запче, кое во просек се случува околу шестиот месец.

Од самото раѓање, потребно е секојдневно да поминете со чиста, влажна крпа врз непцата на вашето малечко, за да се исчистат штетните бактерии. Имајте на ум дека дури и првите бебешки заби се подложни на расипување.

Кога тоа ќе се случи, предните заби може да се обојат, да потемнат, да се изронат и да се издлабат, а во потешки случаи, расипаните заби можеби ќе треба да се извадат. 

 

Грижата за оралното здравје води до здрави заби и блескава насмевка 

Четкањето е најефективниот начин за отстранување на штетната храна и бактериите од забите и непцата. Навременото четкање по јадењето спречува храната и бактериите да предизвикаат штетни киселини кои на крајот ги разградуваат забите.

 

Изборот на соодветни производи за орална хигиена е клучен 

Креирана од тим професионалци, Лакалут бејби четката со нејзината мала глава обложена со мека гума за заштита од повреди при триењето е идеална за воведување на здравите навики на вашето малечко.

Нејзините соодветно меки влакна лесно ќе ги отстранат забните наслаги и притоа ќе обезбедат масажа на гингивата.

 

1

Употребата на четката „Лакалут во комбинација со пастата „Лакалут бејби и кидс“,  ќе обезбеди сигурна заштита за млечните и трајните заби, во периодот на смена.

„Лакалут“ детските пасти се направени специјално за детските заби и клинички докажано се борат со кариесот.

Специјалните зрнца за чистење на забите ги елиминираат забните наслаги. Со реминерализирачкото дејство на олафлурот се зголемува цврстината на забната глеѓ, а забите стануваат поотпорни на кариес и на надворешни влијанија. 

Освежителниот вкус на питомо нане, без додаток на шеќер, овозможува четкањето да биде пријатно искуство.

 

1

Најважниот чекор во процесот на оралната хигиена е прaвилнoто четкање 

 

Како треба правилно да се четка? 

 

Сo пoстoјaни ритмички движењa зa гoрните зaби oдгoре-нaдoлу, зa дoлните oбрaтнo, бoчнo - рoтaциoни движењa. Секaкo, и внaтрешниoт дел oд зaбите требa дa се мие, истo тaкa и јaзикoт. Требa убaвo дa се oпфaти и делoт кaде штo зaбoт се спoјувa сo непцетo, бидејќи oттaму пoчнувaaт сите прoблеми. И дa трaе бaрем две минути.

Неопходно е забите да се четкаат двапати дневно.

Затоа потрудете се оваа дневна рутина да биде интересна за вашите малечки.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет