Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното здравје во текот на животот. Всушност, тоа е од суштинско значење за секојдневните активности и квалитетот на животот, бидејќи убавите и здрави заби придонесуваат за подобар живот
Неодамна, Светската здравствена организација усвои нова дефиниција за оралното здравје на децата, вклучувајќи го како клучен фактор кој ни овозможува да зборуваме, да се смееме, да мирисаме, да џвакаме, допираме, голтаме, да чувствуваме вкусови, а најважно од с? да пренесуваме емоции преку изрази на лицето.
Стекнувањето на здрави навики за грижа на забите е клучно, како во иднина би се избегнале посериозни болести на непцата, меѓу кои гингивитис и периодонтитис и како би ги зачувале што подолго природните заби.
Оралното здравје на децата започнува во семејството
Семејството претставува средина во која се формираат знаењата, ставовите и навиките во однос на оралното здравје на децата. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци, односно 85,7 отсто од децата чии родители редовно ги мијат забите самите ќе ја развијат оваа навика.
Кариесот е една од најчестите појави
Нетретираниот кариес може да предизвика болка и инфекции што може да доведат до проблеми со јадење, зборување, играње и учење. Најчест причинител на кариес уште од најрана возраст е нoќнoто пиење млекo или сoкoви oд шише сo цуцлa. Затоа многу е важна грижата за устата уште од најмала возраст.
Хигиената на усната шуплина започнува уште пред да никне првото запче, кое во просек се случува околу шестиот месец.
Од самото раѓање, потребно е секојдневно да поминете со чиста, влажна крпа врз непцата на вашето малечко како би се исчистиле штетните бактерии. Имајте на ум дека дури и првите бебешки заби се подложни на расипување.
Кога тоа ќе се случи, предните заби може да се обојат, да потемнат, да се изронат и да се издлабат, да а во потешки случаи, расипаните заби можеби ќе треба да се извадат.
Грижата за оралното здравје води до здрави заби и блескава насмевка
Четкањето е најефективниот начин за отстранување на штетната храна и бактериите од забите и непцата. Навременото четкање после јадење спречува храната и бактериите да предизвикаат штетни киселини кои на крајот ги разградуваат забите.
Изборот на соодветни производи за орална хигиена е клучен.
Креирана од тим професионалци, Лакалут бејби четката со нејзината мала глава обложена со мека гума за заштита од повреди при триењето е идеална за воведување на здравите навики на вашето малечко .
Нејзините соодветно меки влакна лесно ќе го отстрана забниот плак и притоа ќе обезбедат масажа на гингивата.
Употребата на Лакалут четката во комбинација со Лакалут бејби и Лакалут кидс пастата, ќе обезбеди сигурна заштита за млечните и трајните заби, во периодот на смена.
Направени специјално за детски заби, Лакалут детските пасти клинички докажано се борат со кариес.
Специјалните зрнца за чистење на забите го елиминираат забниот плак. Со реминерализирачкото дејство на олафлурот се зголемува цврстината на забната глеѓ, а забите стануваат поотпорни на кариес и надворешни влијанија.
Освежителниот вкус на питомо нане, без додаток шеќер овозможува четкањето да биде пријатно искуство.
Најважниот чекор во процесот на оралната хигиена е прaвилнoто четкање Како треба правилно да се четка?
Сo пoстoјaни ритмични движењa зa гoрните зaби oд гoре нaдoлу, зa дoлните oбрaтнo, бoчнo рoтaциoни движењa. Секaкo и внaтрешниoт дел oд зaбите требa дa се мие, истo тaкa и јaзикoт. Требa убaвo дa се oпфaти и делoт кaде штo зaбoт се спoјувa сo непцетo, бидејќи oттaму пoчнувaaт сите прoблеми. И дa трaе бaрем две минутки.
Неопходно е да се четкаат забите два пати дневно.
Затоа потрудете се оваа дневна рутина да биде интересна за вашите малечки.