Гумените играчки за бањање се опасни за децата?!
Гумените играчки кои ги користат децата во бања можеби изгледаат слатко и невино, но нивната внатрешност е навистина ужасна
И покрај тоа што поминале половина од “нивниот живот” во сапуница, вашите деца ја делат бањата со бактерии.
Имено, швајцарски и американски научници, во натрешноста на гумените играчки откриле мноштво потенцијално патогени бактерии, помеѓу кои Legionella и Pseudomonas aeruginosa.
“Внатрешниот дел на гумените играчки се полни со бактерии и габи, кои што може да се видат и со голо око, но само кога детето ќе ја притисне играчката, а од долниот дел ќе се појавува густа темна течност”, се вели во изјавата на научниците.
Во студијата, објавена во списанието Nature journal Biofilms and Microbiomes, научниците велат дека пронашле дури помеѓу 5 и 75 милиони клетки на секој сантиметар во внатрешната површина на гумените играчки кои биде употребени 11 недели.
Многу родители веруваат дека гумените играчки за бањање се практични бидејќи за нив не треба дополнително чистење, меѓутоа после секое бањање водата се насобира во нивната внатрешност и така играчката се претвора во легло за бактерии.
“Гумените играчки за бања се нашироко дискутирани на онлајн форумите и блоговите, што им привлече внимание на научниците”, објаснува во изјавата Д-р Фредерик Хамс, автор на студијата.
Сепак, Д-р. Хамс верува дека ови бактерии кај некои деца дури и го зајакнуваат имунитетот, т.е. нивниот организам станува имун на различни бактерии, па затоа препорачува, доколу користите вакви играчки, после секое бањање задолжително да ги измиете со антибактериски сапун.