cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Хуманитарен проект на Софија Петковска

Поздрав до сите читатели на вашиот сајт. Најпрвин да се претставам на јавноста, јас сум Софија Петковска, дипломиран педагог и поетеса од Скопје, мајка на едно прекрасно детенце кое се вика Јосиф

Хуманитарен проект на Софија Петковска

 

Рингераја: Од кога ја негувате љубовта кон пишувањето?

Софија: Обожавам книги, обожавам да читам, но исто така и да пишувам. Тоа го правам од дете, но активно започнав со пишување во 2017 година, кога ја направив и мојата официјална страница на фејсбук, Поезија на Софија, каде моите стихови секој може да ги прочита. Освен мои песни, таму читателите може да прочитаат и за животот на многу познати поети и поетеси или некој познати цитати, да уживаат во добра музика, а од скоро време организирам и натпревари по поезија, па за најдобрите творби доделувам и дипломи. Исто на оваа страница ги споделувам и моите книжевни успеси, таму се прикачени сите дипломи, сертификати и благодарници од учество на многу натпревари по поезија, како во нашата земја, така и во странство.

Рингераја: Кои дела ги имате издадено?

Софија: Книгата, збирката поезија ,,Поетски нежности" е моја прва издадена книга, која излезе од печат во септември 2020 година и која читателите ќе може да ја купат лично преку мене доколку ме контактираат на мојата фејсбук страница Поезија на Софија или пак да појдат во книжарницата Или-Или во Скопје.

Јас сум исто така организатор на две Антологии, збирки на песни од повеќе автори. Првата книга носи наслов ,,Замрзнати поеми", книга која е само во електронска верзија и може да се купи на страницата на Амазон, а е во соработка со поетот од Индија, Ришав Банерџи. И втората Антологија која пред неколку дена излезе од печат носи наслов ,,Снежни стихови", иницијатор за оваа книга да излезе од печат сум токму јас, но за сето тоа да се реализира ми помогнаа сите автори кои се застапени во книгата и оваа книга е од хуманитарен карактер, бидејќи паричните средства од продажба на оваа книга ќе бидат донирани во дневниот центар за деца на улица. Мои песни исто така има и во други Антологии, книги организирани од други поети и поетеси. Станува збор за антологиите ,,Црно белиот бал на цвеќето на мирот" и ,,Подпелистерски шепотења".

Рингераја: Неодамна излезе од печат делото Снежни стихови. Станува збор за еден прекрасен хуманитарен проект, за кој вие сте иницијатор.

Софија: Да, токму така како што веќе ви напоменав, пред неколку дена излезе од печат збирката песни со наслов ,,Снежни стихови". Оваа книга е од хуманитарен карактер. Имено, за печатење на книгата дадовме придонес сите ние, 37 автори кои сме во неа застапени, а целта е од продажбата на книгата, паричните средства да бидат донирани за децата во социјален ризик, односно за децата од дневниот центар за деца на улица во Скопје. Книгата чини 200 денари и секој кој е заинтересиран и сака да помогне, може да ме контактира на мојата фејсбук страница Поезија на Софија во приватна порака. Веќе има многу заинтересирани за книгата, што искрено ми е многу драго и тука сакам да ја искористам приликата да упатам голем поздрав до Културниот центар 25 Мај од Валандово и до Даниела Прнарова, Данда Реј, од Неготино, која го води блогот Пулсот на мастилото, кои први го поддржаа овој хуманитарен проект и донираа средства. Се надевам дека ќе има многу хумани луѓе кои ќе го сторат истото.

 

2

 

Рингераја:  Книгата брои творби од повеќе наши автори. Како се одвиваше целата оваа организација?

Софија: Се започна со мојата желба, мојот внатрешен порив да помогнам некому. Јас како мајка, како педагог и наставник многу ги сакам дечињата и сакам сите да се среќни и насмеани, секое дете заслужува да биде среќно и сакано, па макар тоа траело и само еден миг. Па откако долго размислував како тоа да се изведе, на ум ми дојде оваа идеја, да се испечати книга. Па така, ги известив сите автори со кои соработував во претходната моја антологија ,,Замрзнати поеми", на оваа иницијатива се приклучија и нови автори, едногласно се согласија со мојата идеја и така се создаде книгата ,,Снежни стихови". Сите ние 37 автори финансиски го потпомогнавме печатењето на книгата, а морам да се заблагодарам и до печатницата Ирис принт од Струга која ни излезе исто така во пресрет и донираше и бесплатни копии од книгата, се со цел да помогнат за подобра реализација на овој хуман проект. Во тек е и изработка на видео каде јас и дел од авторите ќе зборуваме за проектов, се со цел да дадеме повеќе информации до јавноста за оваа хуманитарна акција и тоа видео ќе биде споделено на повеќе социјални мрежи и книжевни групи.

Задоволството е обострано, читателите ќе уживаат во убавите стихови, а дечињата ќе уживаат во радоста на играчките, топлината на џемперите и топлите оброци.

Рингераја: Дали хуманитарниот проект го почнавте оваа година?

Софија: Овој проект започна на 31 Октомври оваа година, пред неколку дена книгата излезе од печат и сега следува нејзина продажба. Откако ќе се продадат книгите, во план е сите парични средства од истата, да бидат донирани во дневниот центар за деца на улица. Ние би сакале книгите да се продадат до средина на декември месец, за потоа да ги израдуваме дечињата пред Новогодишните празници.

Рингераја: Каде читателите може да ја набават книгата?

Софија: Книгата чини 200 денари и може слободно да ми пишат на мојата фејсбук страница Поезија на Софија за подетални информации околу продажбата на истата.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет