И тато е труден?!
Дали 'машката бременост' од сочувство е мит или стварност?
Идните мајки се многу свесни за промените низ кои проаѓаат нивните тела. Еден ден се чувствуваат исцрпено, ги боли грбот, нерасположени се... Другиот ден следува експлозија од енергија и итна потреба за реорганизација на куќата и секој плакар во неа. Следниот ден доаѓа друго расположение и други приоритети – неверојатна потреба за храна, вкусен сендвич од лосос зачинет со пикантен сос.
И додека жените се свесни дека мајчинството носи вистински физички и психички промени, дали е точно дека и мажите поминуваат низ слични трансформации кога нивните партнерки се во блажена состојба?
Couvade синдромот, познат како “машка бременост од сочувство” ги пресликува вообичаените симптоми на бременост на мажите: мачнина, потреба за храна, болки во грбот, проблеми со спиење. Името на состојбата, кое потекнува од францускиот збор couver, што во превод значи “отвор” за прв пат го спомена антрополог кој забележал дека во многу култури низ светот татковците кои го очекуваат раѓањето на нивното дете поминуваат низ слична ментална состојба, што е всушност копија на состојбата на нивната партнерка.
Во нашето општество, иако Couvade синдромот не е наведен во психијатриските и другите медицински дијагностички книги, сепак го привлече вниманието на некои научници и психолози. Зачестеноста на симптомите е варијабилна од студија до студија во растојание од 20-80 %.
Ви звучи неверојатно? Иако се чини дека се крева многу прашина околу целата приказна, постојат неколку научни основи дека бремената жена ја менува хемијата на мажот. На пример, еден тим на истражувачи откриле дека мажите кои го очекуваат раѓањето на бебето имаат повисоко ниво на пролактин и кортизол непосредно пред раѓањето и пониско ниво на тестостерон и естрадиол по раѓањето на бебето. Во ова истражување мажите со повеќе Couvade симптоми се тие кои имаат највисоко ниво на пролактин, а најниско на тестостерон.
Ако ги прашате мажите чии сопруги се бремени дали се чувствуваат поинаку, дали се почувствителни, позагрижени и повеќе заштитнички настроени, многу од нив ќе потврдат дека тоа е точно.
И додека се сомневаме во постоењето на Couvade синдромот, нема сомнеж дека татковството ги менува мажите. Тоа може да биде и наследство на еволуцијата која ги држи татковците активно вклучени во случувањата на семејството. На тој начин се оформува тим, или семејство по раѓањето на бебето, составен од мама, тато и бебе.