Иден татко се онесвести за време на породувањето
Иден татко го насмеа цел интернет: помина 10 часа во породилна сала, но кога жена му почна да се породува тој се онесвести
Иден татко од Велика Британија успеа да биде центар на внимание.
Имено, Бен Бергвин ја бодреше својата вереница Еми Медокс неколку часови пред да дојде нивната ќерка на свет, но во клучниот момент се онесвести.
На самиот крај на породувањето кое траеше цели 9 часа и 20 минути, Бен се сруши, а сето ова го снимија камерите кои го снимаа овој пар кој одлучи да учествува во реалното шоу "One born every minute".
Идниот татко за време на паѓањето удрил со главата во вентилатор и го скршил, а потоа паднал на ормарчето, но што изгубил свест. Ја загрижил вереницата и медицинскиот тим, кои веднаш го преместиле на одделот за итна помош каде останал 4 часа.
"Мораа да приоверат дали сум сериозно повреден. Се чувствував како тотален идиот".
Бен ја зеде во раце својата ќерка дури после 5 часа, откако беше пуштен од одделението за итна помош.