cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Игри за дискалкулија - проблеми со математика

Игри за усвојување на поимите парни и непарни броеви до 10, за дома и во училиште –Изработил - Мр. Логопед, Дипломиран дефектолог реедукатор Олигофренопедагог - Светлана Трнинкова

Игри за дискалкулија - проблеми со математика

Прва игра

Наслов на активноста

Слатки парови, составувам и дегустирам и  на другарчињата  им  подарувам, радост  им  донесувам!

- возраст-6 до 8 години.

Простор:

- домашни услови и во училиште.

Што треба да се постигне ?

- Развој на конкретно  оперативно мислење посебно на  процесите на  серијација  и  класификација, аудитивната визуелната    и тактилната перцепција, ориентација  во просторот  времето  и вниманието. Љубопитност, истрајност и воочување на разликата  помеѓу  пар и непар.  Истото  ова  треба  да е  поврзано со  броевите до 10.

 

 

-Потребно време–

1 час.

- Цели-

- Преку игра да воочи разлика помеѓу пар и непар и истото искуство и сознание да го поврзе со броевите од 1 до 10.

 

- Очекувани резултати:

- Правилно  да знаат  и точно да кажат што е пар а што непар, и кои  броеви се парни  и  непарни до 10- .

- Да знаат правилно преку слики и  предмети да разликуваат пар  и непар.

 

-Насоки за правилно одвивање на играта:

- Слика на  дете. Повеќе нови парови на  чорапчиња. Пластичен сад со  повеќе жолти топчиња од киндер јајца. Во секое топче по едно бројче од 1 до 10. Пластичен сад со повеќе бомбони. Може и фигурата во која  се полнат пез бомбони -Мики Маус или  Шиљо.

ЦЕЛ-Учење за разлики помеѓу боревите до 10 - парни и непарни броеви.  Давање на одговор на прашањата -Формирај и покажи што е пар а што непар?

- Учење на разлики помеѓу поимите – повеќе и помалку  -

- Учење и збогатување на речникот со именки во еднина и множина.

- Учење и стекнување на знаења и вештини на деца кои посетуваат настава во редовните паралеки со количник на интелигенција во нормални и просечни вредности. Учењето на овие дечиња ќе биде  брзо, лесно разбирливо, тие ќе немаат проблеми во сфаќањето на правилата на играта и брзо ќе се прилагодат според правилата на играта и со задоволство, точност и прецизност ќе ги извршуваат дадените барања на играта.

- Учење, поттикнување, потпомагање, поставување на кратки и конкретни подпрашања и прашања за деца со посебни потреби со намален  количник на интелигенција од 50 до 70 IQ и гранични случаи со кoличник на интелигенција od 70 do 90 IQ.

- Играта на овие деца ќе треба повеќе пати да им се објаснува и повторува. И кога после повеќе пати на повторување ќе ја играат играта точно, утре или задутре  пак истата игра ќе треба да се игра од почеток и пак да се учи. Специфичност во учењето на децата со посебни потреби, поготово со лесна ментална попреченост и граничните случаеви е дека им треба повеќе време и повторување за нешто да научат, повеќе напор, енергија и труд.

- И тоа што денес ќе го научат утре брзо го забораваат, и ако ги прашате што учеле и играле вчера, нема веднаш да добиете одговор. Тие наученото брзо го забораваат. Од наученото во мозокот остануваат печати на сеќавање како нешто се научило, колку длабоко и содржински, на кој начин и колку во обем.

- Тие печати во мозокот стручно се викаат – енграми - и тие брзо бледнеат.

 

Постапка според која се игра играта :

- Родителот и детето еден со друг си поставуват два вида на прашања:

- Што  се  на сликата на ова дете  е пар од два исти   дела на телото кои можеме да ги  видеме ,да ги изброиме  ?

- Што се на сликата на детето е единечен дел и можеме да кажеме дека тој дел од телото на детето и на секој човек е непар?

- Што се можеме да видеме  на сликата како пар и непар и да го запишеме со броевите до 10, а кои исто така според количината која ја формираат ги делиме на парни и непарни броеви?

- Ајде да ги запишеме и кажеме парните броеви до 10!

- 2,4,6,8,10,-парни броеви

- 1,3,5,7,9,-непарни броеви

- Потребно е на овие прашања да се поттикне  детето да дава одговори.

- Потребно е во почетокот особено за деца  кои прв пат се среќаваат со поимите парни и непарни броеви заедно преку разговор, опишување и покажување да ги осознаат поимите парни и непарни броеви, пар и непар.

- Тука заедно се опишуваат и се играат игрите со бирање на број од жолтите топчиња, и според нив се земаат бонбони и заедно формираме пар бонбони или непар според земаниот број. Бомбоните како награда ги дегустираат. Истата игра со влечење на број и со броење на чорапчиња но бели и исти по боја се осознава, броеме и формираме парови или непар во склад со избраниот број.

 

- Што се како дополнителни и додатни  материјали ни се потребни за  збогатување играта ?

- слики од  броеви.

- слики од пар и непар на предмети.

- дополнително боенки со домашни и диви животни во еднина и множина .

 

- Постапки со дополнителните материјали :

- истите слики се бојат и  се сечат.

- се брои и се формираат по два во парови.

- така паровите ги поврзуваме со бројка.

 

 

Важна напомена во работата со децата 

Педагошки е и логопедски, за совладување на графомоториката, и тоа од поминување од груба кон фина моторика и совладување на опозицијата палец, показалец и среден прст, одозгора да се фаќа рачето на детето. Вака се работи се додека не стекне прецизност во моториката и сигурност во себе и во своите способности при математичките операции броење  и класифицирање во парови. Подредување на паровите под соодветен број и запишување на соодветниот број, парните и непарните броеви  на  предмети  кои ќе ги изброиме и подредиме .

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет