cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Инстаграм фуд блогери ви препорачуваат за Валентајн!

Во очи на денот поради кој февруари е наречен месецот на љубовта и виното, независно дали ќе го прославувајте Св. Валентајн или Св. Трифун, неколку македонски фуд блогери ви подготвија вкусни рецепти кои ќе ви помогнат при креирање на празнично мени

Инстаграм фуд блогери ви препорачуваат за Валентајн!

@velkovsneze 

Љубовни Палачинки од 3 состојки

Банана, мелени овесни снегулки и млеко

Се се става во блендер и се миксира до добивање на смеса малку погуста од таа за обични палачинки.

За една доза е доволно е 1 банана,околу 100 гр.овес и околу 150 мл.млеко(обично или растително) Во секој случај гледајте ја конзистенцијата а не мерката.
Прелијте ја љубовната палачинка со слатко од аронија,со јаворов сируп,мед ,чоколаден крем и сл..Тоа си е ваше...Запомнете дека зачините доаѓаат на крај...џабе слаткиот џем на старт ако фали една од состојките...џабе бел шеќер врз црна изгорена палачинка..
Ако посакате да ја замените едната состојка со нешто друго можете,ама ниту тоа ќе биде истата "палачинка"ниту ќе го има истиот вкус.
Нема мерки се' се работи од око и по чувство како во љубовта. Ако зафали едното ја зголемувате дозата ако сте претерале со другото избалансирајте со третото.
Но запомнете само присуството на трите состојки гарантираат успешен рецепт.


velkovsneze

@cookingwithbranko 

 

Попај ролни

 Tри јајца
Три белки
500гр. спанаќ
100 гр. мелен овес 
50мл. кокосово масло
Урда
Сол и бибер по вкус 


Начин да подготовка:
Во плиток плех, се става хартија за печење и се истура целата смеса. Се пече 10-15 минути на 200 степени со постепено намалување. 
Откако ќе истине испеченото тесто, се премачкува со урда и се виткаат ролни. 
Може да се комбинираат со чаша јогурт. 


бранко
 

@radishas_kitchen_diaries

Love oh love! 

Не за џабе постои изреката "Only Love Can Save The World"... најубавото чувство е да сакаш и да бидеш сакан од некого.
Науката вели дека кога сме заљубени тогаш сите хемиски процеси во нашето тело се во баланс, и уникатноста секој од нас да ја доживува љубовта на свој начин го прави ова чувство неспоредливо.
Затоа убави мои еден ден во годината е премалку време за да се посвети на вакво чувство, доживувајте ја љубовта секој ден како да е Св.Валентин, бидете среќни, сакани и опиени од љубов секој ден како да е Св.Трифун!
А јас денес ви го претставувам рецептот за овие ЉУБОВНИ КАПКЕЈКОВИ, изненадете ги вашите сакани и уживајте заедно во вкусот.
....
Состојки:
1 3/4 шолја брашно (250мл)
1/3 шолја шеќер во прав
прашок за пециво
ванилин шеќер
1 јајце
3/4 шолја млеко
1/4 растопен путер
1 шолја желе бомбони
црвена прехрамбена боја
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во еден сад ставете го брашното, шеќерот, прашок за пециво и ванилата.
Во друг сад измешајте јајце, млеко, растопен путер. Од црвената боја ставете на врв на лажиче и ставете го во садот со течните состојки
Ставете ги течните во сувите состојки и измешајте. На крај ставете ги желе бомбоните. Од смесата полнете ги хартиените модли за мафини.

 
radishas

@martinascookingg

Valentine's day snack board
За мене секој ден е ден на љубов. Знам дека има повеќе различни мислења и има многу муабет на темава, Valentine's day, но доколку не се почитуваме, сакаме и даруваме постојано, еден ден во годината па и не мени нешто многу. Давајте љубов, почит, разбирање. Поклонете си нешто без повод, направете и сервирајте интересен ручек или вечера или само искомбинирајте тоа што имате дома и послужете на даска. Грисини, такоси, чипс, сосчиња, кашкавал, сувомеснато... додадете и нешто благце, крем, овошје, чоколадо и сл. Чаша од вашиот омилен пијалок, добра музика или добар филм.
Уживајте во малите нешта


мартина

@krstevskaiva

Њоки со пармезан во доматен сос готови за 15 минути.
Препуштете се на италијанската храна со овој рецепт и чаша добро вино, неколку свеќи запалени, угасени светла и како десерт рум бонбони
Рецепт: 
500 гр готови њоки се ставаат во зовриена солена вода 3-4 минути.
Во сад за печење се става малку масло па еден слој томатело, над него њоките, томателото, рендан кашкавал и пармезан. Ги ставате да се печат на 200° 10 до 15мин
Над нив пармезан по желба.


ива

@kokarche

„Омбре“ путер колачиња

Состојки:

4 состојки, малку труд и едно љубовно калапче - ете толку е едноставна формулата за овие путерно-шеќерни срциња. Вака се дотерани заради Валентајн, но за „регуларни“ денови доволна ви е една чаша со тенки ѕидови со која ќе извадите форми. Супер се и за сендвич варијанта со џем или крем.
- 250гр брашно
- 80гр шеќер во прав
- 110гр путер
- 1 јајце (изматено)
- 2-3 капки прехрамбена боја во гел (опционално).
* Доколку правите двобојни колачиња, сите состојки поделете ги на два еднакви дела и за секој дел следете ги чекорите.
* Прво се мешаат шеќерот и брашното во длабок сад со жица за подеднакво да се распоредат. Потоа се додава путерот исечен на коцки и се гмечи со прсти додека не се постигне песочна структура.
* Се додава изматеното јајце и се формира тесто.
* За обоеното тесто, прехрамбената боја се додава претходно во јајцето и се мати убаво додека не се добие изедначена боја.
* Од секое тесто се формираат по 10 топчиња кои се редат наизменично како полиња од шах табла. Потоа лесно се соединуваат без премногу мешање и се обликува диск кој замотан во фолија се остава да отстои во фрижидиер околу 1 час.
* Од оладеното тесто со сукало се обликува кора со дебелина од 3-4мм. Се вадат форми со калапче и се редат на хартија за печење.
* Се печат на 170°C, 10-12 мин (зависно од големината). Готови се кога ќе им заруменат рабовите.
Уживајте и не заборавајте да ги споделите вашите креации инспирирани од тука.

koka

@pomojvkus

"Срциња полни љубов за Денот на вљубените"

Колку често ја славите љубовта? Јас овие срциња ги направив да ги имате како идеја за Денот на вљубените, за сите оние кои го слават празникот. Покрај тоа, ова е супер брза идеја за вечера, не само за денот на вљубените, туку за која било друга вечер со вашиот партнер. Заедно со две чаши црвено винце и два пара црвени образи...Ајде да ја славиме љубовта секој ден.

1 лиснато тесто или тесто за пица (готово или домашно подготвено)

Потребни состојки:
200гр мелено месо
1 главица кромид
1 морков
200 мл доматно пире
50мл црвено вино (може и не мора)
Сол, бибер
1 јајце за премачкување
Најпрво подгответе го болоњезе сосот. Морковот и кромидот запржете ги на наеколку лажици маслиново масло,па откако ќе омекнат додадете го меленото месо. Кога се убаво ќе се запржи (по 10ина минути) додадете го црвеното вино и доматното пире и оставете да крчка уште 10ина минути или додека сосот не се згусне.
Од лиснатото тесто со калапче или срце нацртано на картон па исечено, исцртајте и извадете 4 срциња. Двете оставете ги како што се, а од другите две исечете уште едно помало срце од средината. Издупчете ги сите делови со виљушка. Ставете врз 2те срциња од болоњезе сосот, а на краевите намачкајте со белка од јајце. Затворете со другите срциња и убаво притиснете ги краевите со прстите за да се залепат. Одозгора премачкајте со жолчка.
Ставете на печење 20мин до половина час на 180°С.
Налејте црвено вино и уживајте во вечерата.


pomojvkus

@kocovska.marija

 

Чоколадни срца без печење
„Време е за споделување на љубов, насмевки и слатки приказни. За празникот на љубовта и виното пригответе чоколадни колачиња и прославете со саканите. Идеална комбинација на чоколадо, портокал и лешници, која секој може да ја направи и тоа само со четири состојки.
Нема потреба од печење, комплицирани состојки и големо искуство во кујната. Потребни ќе ви бидат околу 15-тина минути за подготовка, а крајниот резултат сигурно ќе ве воодушеви. Ќе ми биде чест и задоволство ако ги направите колачињата, и секако, испратете ми ги фотографиите и пишете ми како ви се допаднале на Facebook или Instagram, каде може да ме следите и да ги разгледате моите рецепти.“ – вели Марија.
Состојки:
2 пакувања јафа кекси 
50 грама потпечени лешници
свежо цеден сок и рендана кора од 1 портокал
100 грама чоколадо за готвење.
За декорација:
200 грама бело чоколадо за готвење
црвена прехранбена боја.
Подготовка:
Јафа кексите исечете ги на мали коцки и ставете ги во длабок сад. Лешниците сомелете ги, додајте ги во садот со кексите и измешајте.
Во мал сад на оган, ставете ги сокот и ренданата кора од портокал. Штом сокот се стопи, додајте го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека чоколадото се растопи.
Во садот со кексите и лешниците додајте го растопеното чоколадо и измешајте за да се соедини смесата.
Во правоаголен калап ставете најлонска фолија така што ќе излегува од страните, а потоа додајте ја смесата за колачињата. Со помош на фолијата израмнете ја смесата. Калапот ставете го во фрижидер за време од 1 до 2 часа додека смесата се стврдни. Потоа, отстранете ја фолијата и со помош на калап формирајте колачиња по желба.
Белото чоколадо растопете го на пареа и чоколадирајте ги срцата. Во преостанатото бело чоколадо додајте црвена прехранбена боја и измешајте. Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачињата по желба. Подарете со љубов!

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска  @kocovska.marija

 

kocovska

 

Продолжува

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет