Неодамна стана мајка и грижата околу новороденчето ти стана главна преокупација во животот. Но, едно нешто што сигурно те загрижува е - дали, кога и како да си го вратам телото во форма!?Ја имаме вистинската личност која ќе ти даде вистински насоки!
Јасмина Трипуновски е 28 годишна мајка и сопруга, која се води по мотото : "Биди секогаш подготвена сe да биде биде во најдобар ред, верувај во себе и секогаш прави го тоа што те прави среќен, исполнет и задоволен!"
Јасмина е долгогодишна спортистка (ракомет), дипломирана на факултетот за физичка култура спорт и здравје.
Рингераја:
Како настана и што преставува проектот befitmom, за кого е наменет?
Јасмина Трипуновски:
Како долгогодишен спортист и дипломирана на факултетот за физичко образование, спорт и здравје и со своето искуство и знаење го креирав проектот befitmom, проект кој лично на мене го применив, откако родив.
Овој проект е место каде што можат да се пронајдат сите жени, и за прв пат кај нас се опфатени и родилките за кои има посебни програми за вежбање, мотивација и поддршка за да можат полесно да го поминат постпородилниот период и да се вратат во нормала после раѓање.
Како што спомнав, befitmom содржи програми за вежбање, менија за правилен начин на исхрана, добивате се што ви е потребно, мотивација, поддршка, разговор, резултати.. Мојата цел е да помогнам на што повеќе жени, да го подобрат своето и емотивно и физичко здравје и вежбањето и здравиот начин на живот да биде дел од нивното секојдневие!
Јасмина за својата улога како мајка:
Како и секоја жена доаѓа моментот кога проработува мајчинскиот инстинкт и доаѓа момент кога ќе се оствариме како родител, мајка!
Јас како мајка... знам и верувам дека сум премногу смирена за се околу мене што се случува и покрај напорот, но нормално има работи што се дозволени има работи и што не се дозволени иако доаѓам до спротивставување, но се треба да се одвива во граница на нормала. Гледам се да биде пренесено на смирен начин, има секакви моменти но верувам дека добро се снаоѓам и уживам во улогата на МАЈКА!
Рингераја:
Кога е најдобро да се почне со вежбање после породувањето?
Јасмина:
Секоја жена е различна, секое породување е различно, секое тело е различно, некоја раѓа полесно, некоја потешко исто е и со закрепнувањето после раѓање, некоја побрзо, на некоја ќе и треба повеќе време за да закрепне од порoдувањето..
Доколку породувањето поминало природно и се е поминато во најдобар ред, со вежбање може да се почне после 4 до 6 недели.
За породување со царски рез е потребно повеќе време за разлика од природно породување, за да се почне со физичка активност, но доколку се се движи во најдобар ред може слободно да се почне со вежбање...
На прашањето - кога не смее да се вежба, Јасмина вели:
Зависи какво било породувањето, ако било прилично тежок и се случиле компликации за кои треба време се да се среди, жената може мисли дека е спремна за вежбање, но нејзиното тело не е, затоа треба да поминат како што спомнав 4 до 6 недели доколку се се одвивало во најдобар ред и потребно е време да си се наместат органите за биде телото спремно за физичка активност!
Една од нус појавите на бременоста е дијастазот. Еве што Јасмина советува околу истата:
Дијастаз е честа појава што се случува после породување, тоа е разделување на стомачните мускули во текот на бременоста, добро е тоа што на многу лесен и едноставен начин можеме сами да провериме дали имаме и колку имаме.
Ако растојанието меѓу стомачните мускули е повеќе од два прсти односно 2см значи постои дијастаз. Колку повеќе прсти има толку е полоша состојбата, битна е и ширината и длабочината.
Тоа е состојба што се лечи на повеќе начини, но најдобар начин е вежбањето односно адекватни вежби што треба да се прават за стомак, за дијастаз што се за после продување...
Многу жени вежбаат пред да забременат, па кој е ставот на Јасмина за вежбање во бременост?
Да, исто колку е добро да сме активни секогаш дали пред бременост или после бременост, добро би било да имаме физичка активност и за време на бременоста, со тоа трудницата има големи придобивки, на пример јога за трудници или соодветна програма што се состои со вежби за трудници. Вежбањето ја намалува вкочанетоста, болките што се појавуваат во грб, кичма и сл, добро е да остане активна до крајот на бременоста.
Во однос на облека и специјална опрема при вежбање, Јасмина вели:
Треба да го носиме тоа што ни одговара и се чувствуваме пријатно во него. Да, потребна ни е соодветна опрема за вежбање едноставно да уживаме во моментот додека вежбаме во секој поглед, но тоа не значи дека треба да ја имаме најпрофесионалната гардороба или најскапа, битно е нас да ни одговара, се што е потребно е да сакаме тоа да го правиме!
Во однос на носење мидер после породувањето, ставот на Јасмина е:
Јас сум за да се носи, и мислам дека секој би го препорачал доколку родилката е во состојба да носи мидер, лично јас носев и сум многу задоволна, и на секоја родилка би и препорачала да носи.
Рингераја:
Суплементи, какви и кога?
Јасмина: Доколку мајката дои сигурно е советувана да продолжи со витамините што ги внесувала за време на бременост додека дои. Телото е изложено на поголем напор и мора да се внимава.
Се што е во граница на нормала според мене е ок, зависи што сакаш да постигнеш. Така и со дополнителни витамини и суплементи, но и цврсто стојам зад тоа дека со правилна исхрана можеме да ги задоволиме сите потреби, а можеме дополнително се да земеме доколку мислиме дека на нашето тело нешто му фали и му се потребно нешто плус.
Нешто што сите тазе мајки ги интересира е ставот околу доење и вежбање.
Во однос на тоа, одговорот е: Вежбањето, заедно со урамнотежената исхрана, е суштински дел од здрав начин на живот. Лесна до умерена физичка активност е безбедна и корисна за мајките што дојат и нема влијание врз износот, вкусот или составот на вашето мајчино млеко. Значи, ако се прашувате како да додадете вежбање во вашата дневна рутина откако ќе се роди вашето бебе треба да знаете дека тоа го подобрува целокупното здравје и благосостојба. Го стимулира ослободувањето на ендорфин, оние хормони кои се прават да се чувствуваме добро, го зголемуваат расположението и ве прават да се чувствувате среќни.
Го зголемува нивото на пролактин на вашето тело, хормонот одговорен за производство на млеко во градите.
Тоа ви дава енергија.
Тоа помага да се намали стресот.
Тоа ја зголемува мускулната маса и те држи на место.
Тоа може да помогне во спречување на срцеви заболувања.
Тоа може да доведе до подобар ноќен сон.
Заедно со здрава исхрана и доење , редовната вежба може да ви помогне да ја изгубите својата тежина во бременоста.
Вежбајте!