Интервју со Небојша Вуковиќ, директор на "Лазар Танев"
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците. „Лазар Танев“ заработува од кетерингот, а средствата доаѓаат на официјалната жиро-сметка на училиштето и се користат за настава
Зад училиштето “Лазар Танев” стои наставен кадар, останатиот персонал, но и сите ученици кои го посетуваат ова училиште. Но стоите и вие како директор и клучна личност. Како го замислувате обликувањето на иднината на вашето средно училиште и обезбедувањето негов континуиран раст и успех?
Како и за секоја работа, особено кога зад таа работната обврска стои одговорност која треба да ја обезбеди иднината на една професија и особено одговорноста за обезбедување иднина на млади животи кои треба да дејствуваат во истата таа професија потребно е да се вкомпнираат многу елементи. Посебно важен е тимот со кој работите. Можам да кажам дека е гордост да се работи со луѓето во нашето училиште затоа што овие луѓе се тие кои ја создаваат целата димензија на неговото функционирање и за што можеби во овој момент единствено можам да се искажам бескрајна благодарност. Ние во училиштето работиме на принципот на меѓусебна почит такашто идејата и мислата на секој член на училиштето се сослушува и спроведува доколку тимски одлучиме дека треба нештото да се спроведе. Сега веќе никој не прашува дали и кога треба да се замине од училиштето без да се завршат зададените обврски. Секако е дека ваквата поставеност на работите зависи од менаџментот и/или од директорот на училиштето што повторно морам да кажам дека не беше во минатото.
Кои мислите дека се најголемите предизвици со кои се соочува вашето училиште денес, и како планирате да се справите со овие предизвици?
Многубројни се проблемите со кои се соочуваме и заради разбирањето и почитта на колегите успеваме да ги наминиме. Најголем проблем кој успеваме да го надминеме е создаденото јавно мислење за училиштето во минатите години, а што беше занемарено од моите претходници. Сега за училиштето се зборува со пиетет и афирмативната улога се препознава од сите сегменти на општеството односно од стопанството, од државните и приватните институции и органи, другите училишта и најважно учениците. Остантатите предизвици се однесуваат повеќе на техничката природа на пробелмите и за нив потребно создавање на нови и други услови.
Некои го познаваат ова училиште некои не. Раскажете ни накратко за неговата историја и кои се смерови ги имате?
СУГС"Лазар Танев" или популарно угостителското училиште во Скопје е најстарото училиште во Македонија. Работи од 1948 година во Охрид и во Битола, за во 1950 година се пресели во Скопје. До 2007 година имавме максимален број ученици односно 1340 кога овој број почнува драстично да се намалува највеќе заради погрешна поставеност на работите и незаинтересираноста на водечките луѓе. Во 2019 година го достигнува минимумот од 310 ученици. Во тој момент училиштето го смени комплетно начинот на функционирање и овој број континуирано се зголемува така што денес училиштето брои околу 500 ученици со тенденција за раст. Во училиштето имаме тригодишно образование во кое се вклучени струките готвач, слаткар, келнер, пекар и месар додека во четиригодишното образование се вбројуваат струките угостителски техничар, хотелско - ресторански, техничар за анимации и настани и хотелско туристички техничар.
Можете ли да споделите некое интересно искуство или достигнување од вашата кариера во образованието што ја покажува и вашата посветеност на успехот на учениците?
Таквите настани се бројни заради бројот на настани и активности кои училиштето ги има. Кога станува збор за личното залагање сакам да истакнам дека јас од менаџерска позиција сите надворешни актовности во смисол патувања и посебни доживувања ги препуштив на моите колеги... Сметам дека на таков начин се отвара системот за заедничко функционирање, се создава задоволство и се затвара можноста за тесно менаџерско функционирање на мала група луѓе.
Како соработувате со наставниците, персоналот, учениците и родителите за да создадете позитивна и инклузивна училишна култура која го поттикнува учењето и личниот раст?
Ништо не се смени во мојот однос со колегите од моментот на моето назначување на местото директор на училиштето. Оставен е избор на професорите за начинот за спроведување на нивните активности и се докажа дека овој модел даде перфектен резултат. Сега имаме ситуации во кои повремената контрола на работењето е сериозен момент пред се на самоконтрола и самокоректура на работењето.
Отворениот ден е еден од начините да ги вклучите основните училишта, локалните бизниси, организации итн, за да ги збогатите образовните можности достапни за вашите студенти. Какви се вашите очекувања?
Отворениот ден е завршен чин на нашата целогодишна активност за запишување на учениците во наредната учебна година. Цела година одржувавме бесплатни курсеви за нашите струки а учесници беа учениците од девето одделение од основните училишта и сите мои колеги. Морам да нагласам дека по овој основи и другите активности во тек на годината училиштето го посетија повеќе од 500 ученици од основното образовние. На отворениот ден пристани ќе бидат познати личности од угостителско туристичката фела, стопанственици, сопственици, менаџери, директори, шефови и сите вработни во угостителско туристичкиот сектор. Понатаму, сите ученици кои ги посетуваа кусевите кои истатака ќе добијат сертификати и сите наши ученици кои ќе добијат потврди за извршување на феријалната пракса во угостителските објекти во тек на летото. На отворениот ден ќе земат учевство и колегите од универзитетите во Македонија со кои имаме мемеорандуми за заедничка соработка. Морам да кажам дека нашите активности ги препознаа и странските училишта. Ние сме едно од само четири училишта во Македонија кои имаат директни меморандуми со училишта од Франција и сакам да најавам дека нашите ученици од јануари до мај 2025 година ќе одат во континуитет во нивните училишта во нивната настава во Франција. Училиштето формираше Асоцијација на средни училишта во која членуваат 15 држави. Улилиштето остварува практична настава во сите угостителско туристички училишта во Македонија. Бројот на активности е неограничен и не би сакал да го оптоварувам бескрајно секој читател. Училиштето за две години ќе го достигне бројот од 1000 ученици, тоа е нашата цел и веќе се остварува.
Конечно, кога би можеле да ја сумирате вашата визија за средното училиште во само неколку зборови, која би била таа?
Визијата на училиштето е образување кадар со нависоки професионални вредности. Тоа сега после 2007 година повторно се остварува. За жал наместо да се надоградуваме на периодот претходно, за среќа направивме се да надминеме многу од сите проблеми настанати во овој период од 12 односно 15 години. Сега со сите мои колеги и со нашите ученици оствауваме сериозни резултати, со почитта од колегите од праксата и со разбирањето на институциите училиштето станува носител на угостителството и туризмот во Македонија како што беше пред 2007 и ќе напредува со крупни чекори како и порано.