cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Интервју со Нора Шаќири Марковиќ

Нора Шаќири и Марко Марковиќ на 6 април станаа родители на нивното прво дете Ијан. За тоа како течеше породувањето, со какви стравови се соочија новите родители, какво бебе е Ијан, дали ги исполнува улогата на родители, разговараме со Нора Шаќири

Интервју со Нора Шаќири Марковиќ

Редакција Рингераја

Неколку месеци сте мајка на Ијан. Какво е чувството?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Сега веќе 4 месеци сум мајка..уххх какво е чувството...јас сум уште во бунило, уште не ми е верно дека тоа мало човече е мое човече, зависно од мене, од мојот мирис, мојата енергија...јас сум друг човек...

 

Редакција Рингераја

Се породивте во екот на корона-кризата во Македонија. Со какви стравови се соочивте при породувањето и за време на престојот во болница?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Се додека не се случи ова лудило со короната бев максимално опуштена но после тоа станав максимално уплашена, се соочив со тотално непозата ситуација, плус непозната ситуација / породување воглавно бев многу уплашена. Породувањето помина одлично благодарение на целиот тим во болницата Чаир. Секоја чест на професионалноста и пожртвуваноста кон сите пациентки

 

Редакција Рингераја

Какво породување имавте? Природни или со царски рез? Каков е вашиот став – Дали породувањето е најсилна болка која една жена ќе ја почувствува во животот?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Се породив со царски рез. Не породувањето е најубавата болка која една жена може да ја почувствува. Има други болки кои се големи, но оваа е најубава.

 

Редакција Рингераја

Дали имавте помош откако со Ијан се вративте дома, со оглед на тоа што во тој период беше на сила полициски час?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Да, секако дека имав помош иако ситуацијата беше тешка. На Марко мајка му беше кај нас, таа во тој период беше техничка поддршка хахах, мојата мајка исто така но јас претпочитам Ијан да го чувам сама оти бабите се за размазување, а тоа не е баш добро хахахахах

 

nora

 

Редакција Рингераја

Какво бебе е Ијан (освен што е пресладок). Дали сте ненаспана и уморна мајка, или ви остава време за одмор?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Навистина Ијан е пресладок, постојано насмеан, многу ретко плачлив, добро спие, добро јаде па можам да кажам дека сум наспана. Денот ни поминува во мноооогу слушање музика, играње и мноооогу спиење.

 

Редакција Рингераја

Дали вашиот сопруг Марко ви помага околу обврските, чувањето на бебето? Дали знае да промени пелена и да го нахрани Ијан?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Марко помага секогаш кога може, тогаш кога не е на работа. Ме остава да поспијам, го пресоблекува Ијан, го храни, го бања, го чува во моменти кога јас имам некоја неодложна обврска. Се разбира на почетокот беше збунет, преплашен но со тек на време влезе во шема и сега е веќе рамноправен со мене во обврските околу Ијан

 

Редакција Рингераја

Дали улогата на мајка ви стана една од најубавите улоги во животот?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Јас сум тетка на 5 внуци..Велат тетката е втора мајка па можам да кажам дека стекнав големо искуство околу чување на деца. Да се биде тетка е нешто прекрасно но да се биде мајка е возвишено чувство. Мајка е единствена улога, главна улога и неповторлива

 

Редакција Рингераја

Дали бебето дополнително ве поврза со сопругот Марко, или целото ваше внимание е насочено кон Ијан?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Јас и Марко сонувавме да имаме дете, се трудевме повеќе од три години и еве Ијан дојде на свет. Секако дека дополнително Ијан не поврза но вниманието е секако највеќе насочено кон него

 

Редакција Рингераја

Сеуште е рано, но дали посакувате да имате уште едно дете?

 

Нора Шаќири Марковиќ

Како ќе каже Бог така ќе биде, во божјите работи не се мешам. Тој ни го подари Ијан.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет