Јас сум среќно дете
Најавна стихотворба од јубилејот 45 години детска градинка "Наша иднина" Прилеп

Јас сум среќно дете
Јас сум среќно дете,
Градинката приказни ми плете,
За принцези и јунаци разни,
прекрасни бајки и сказни.
Во секоја од нов сме ние:
“Убавица”, везден што спие,
“Црвенкапа”, кај баба што оди,
“Сирена”, во сините води.
“Пинокио “,што кажува лаги,
“Снежана”со џуџиња драги.
“Мрзливите прасиња три”,
“Пепелашка со сестрите зли”.
Градинката е нашето царство.
Во неа царува другарството.
Во секој човек”детето”спие,
Добредојдени кај нас сте сите вие.