Како да бидете паметен купувач
Ако сакате да бидете паметен купувач проверете во кој стил на купувач припаѓате!
Чекор 1: Проверете дали сте импулсивен купувач –некој кој излегува и купува од каприц. Ако сте такви, пробајте да го испланирате купувањето и избегнувајте импулсивен шопинг.
Запомнете: Eмоциите може да влијаат врз Вашето однесување при купувањето. Пробајте да сфатите дека парчето гардероба не треба да го купите само затоа што Вие мислите дека го заслужувате.
Чекор 2: Препознајте дали сте купувач со план.
Препознајте дали сте купувач со план. Ова однесување може да се препознае познавајќи го продажниот циклус во Вашиот регион, купување на производи пред да се продадат додека сеуште ги има на пазарот и купување подароци преку цела година.
Чекор 3: Проверете дали сте купувач кој купува во “последната минута“
Проверете дали сте купувач кој купува во “последната минута“ – некој што не сака да купува и тоа секогаш го прави во последните минути кога е неминовно. Ако се пронајдовте, пробајте да купувате кога продавниците не се преполни, и бидете подготвени дека парчето гардероба кое сте го купиле можеби ќе треба да го замените односно повторно да се вратите назад во продавницата доколку е потребно.
Чекор 4: Проверете дали сте инспиративен купувач
Дознајте дали сте инспиративен купувач – некој што купува без посебен план, без разлика дали има попуст или не.
Чекор 5: Проверете дали сте анти купувач
Проверете дали сте анти купувач – некој кој избегнува да оди на шопинг и чува пари за други, за него поважни цели. Да се биде анти купувач значи да се заштедат пари за школување на децата, но така нема никогаш да го наполните фрижидерот со потребните производи. Затоа главата горе и започнете со шопинг!