Како да ги отстраните подочниците за 5 минути?!
Не мора сите да знаат дека сте останале до доцна, дека сте испиле малку повеќе вино, или дека сте имале немирна ноќ со бебето. Елиминирајте ги темните кругови околу очите со овој едноставен трик, во рок од 5 минути
Ставете четири кесички зелен чај во една чаша вода и варете 10-15 минути. Потребен е јако концентриран чај. Откако чајот ќе се излади, ставете го во сад за лед и замрзнете го. Најдобро е коцките да ги направите претходно и да ги користите кога ќе имате потреба. Коцката прво измијте ја со вода, а потоа тријте со неа на кожата под очите и темните кругови ќе исчезнат.
Зошто делува?
Зелениот чај содржи танин кој помага да се намали отокот, а кофеинот ги стеснува крвните садови, па така го намалува отокот и темните кругови.