Како да го промените разгаленото дете
Дали вашето дете е мало чудовиште? Ставете крај на бесот и барањата со овие наши совети.
Чекор 1: Бидете им пример
Бидете добар пример. Лелекањето и жалбите додека работите, нема да одат во ваш прилог, тие нема да останат незабележани.
Чекор 2 : Бидете доследни
Застанете до своите деца. Дел од вашата работа во подготвување на децата за живот е да ги научите дека не може секогаш да го добиваат она што тие го сакаат.
Чекор 3 : Научете ги да даваат
Прегледајте ги заедно сите играчки кои ги има Вашето дете и одберете една која ќе можете да ја подарите во добротворни цели. Вака ќе можат да ги научат важностите и од давањето, а не само од примањето.
Чекор 4 : Посветете им време
Поминете време со Вашето дете правејќи нешто заеднички, а притоа да не се потрошат пари. Вашата целосна грижа е најдобриот подарок што можат да го добијат.
Чекор 5 : Дајте им задолженија
Дајте им задолженија за да можат да се научат на одговорности.
Чекор 6 : Не ги подкупувајте
Никогаш немојте да ги поткупувате Вашите деца, за да се однесуваат разумно и одговорно, или ќе почнат да очекуваат надомест за секоја правилно направена работа.
Чекор 7 : Зауздајте ги блиските
Замолете ги роднините и пријателите да ги почитуваат ограничувањата поставени од Вас. Нема поента во поставување на граници доколку не се почитуваат и од останатите.
Чекор 8 : Бидете свесни за последиците
Бидете свесни за последиците од разгалување на детето: научните истражувања покажаа дека децата кои се разгалени многу често се асоцијални, депресевни и лесно посегнуваат по дрога и алкохол.