Како да го стимулирате имунитетот кај децата?
Имунитетот на децата се разликува од имунитетот на возрасните и бара поголемо внимание
Во детството, имунолошкиот систем е сеуште нецелосен и затоа децата најмногу се склони кон развој на заразни болести. Имунолошкиот систем е составен од група органи, ткива и клетки кои се борат со патогени микроорганизми во нашите тела. Кога детето има силен имунолошки систем, тоа е помалку загрозено од развојот на заразни болести, па дури и да се разболи, тоа ќе закрепне многу побрзо.
1. Задолжително да се дои бебето во текот на првите неколку месеци по раѓањето. Мајчиното млеко содржи антитела кои го поддржуваат уште несовршениот имунолошки систем на новороденчето.
2. Вклучете ги овошјето и зеленчукот во исхраната на детето. Богата со витамин Ц и антиоксиданси, растителната храна , на пример јагоди, домати, брокула, боровинки, компири, значително ќе го стимулира неговиот имунитет.
3. Оставете го детето од време на време да се извалка. Спротивно на широко застапената логика, нечистотијата во “умерени количини” може да биде најдобар пријател на имунитетот, бидејќи го стимулира неговото созревање. Понатаму, одржувањето на прекумерна хигиена покажа дека го зголемува ризикот од автоимуни и атопични болести како што се астма, атопичен дерматитис и слично.
4. Намалете го шеќерот во детското мени. Слатките може значително да ја намалат функцијата на имунолошкиот систем.
5. Поттикнете го детето да се навикне на здрава исхрана и често спортување. Дајте му личен пример. Прекумерната тежина и дебелината имаат негативен ефект врз функцијата на имунитетот. Затоа одржувањето на оптималната тежина е уште еден начин да се стимулира детскиот имунитет.