Како да му кажете на детето дека се разведувате?
Соопштувањето на веста на Вашите деца дека се разведувате е еден од најтешките разговори што некогаш сте го имале. Но ако се справите добро тој разговор ќе Ве спаси од душевна болка на подолг рок.
Чекор 1 : Бидете конкретни
Бидете сигурни дека се разведувате пред да им ја соопштите веста на Вашите деца.
Чекор 2 : Одберете го вистинското време
Заедно со Вашиот сопруг соопштете им ја веста на Вашите деца. Бидете тука за сите прашања кои ќе сакаат да ви ги постават.
Чекор 3 : Кажете им дека не е нивна вина
Кажете им на Вашите деца дека разводот не е нивна вина. Нема сомнеж дека оваа фраза се слуша често, но нема друг начин како да се каже тешката вест.
Чекор 4 : Немојте да дозволите да имаат грижа на совест
Не дозволувајте да почувствуваат вина иако причината за разводот може да биде и прељуба на еден од партнерите – немојте да објаснувате во детали.
Чекор 5 : Уверете ги
Уверете ги Вашите деца дека и понатаму ќе бидат сакани и згрижени од Вас. Објаснете им што ќе биде понатаму со нив, на кој начин ќе функционирате и напомнете им дека нема потреба да се грижат за ништо, дека се ќе биде во ред и понатаму.
Чекор 6 : Нагласете дека контактот со нив нема да биде изгубен од ниедна страна
Нагласете им на децата дека и обата родители секогаш ќе бидат тука за нив. Ако го делите старателството со Вашиот брачен партнер, објаснете им на Вашите деца како ќе се одвива договорот. Уверете ги дека и понатаму ќе може да се гледаат со сите нивни роднини, баби, дедовци.
Чекор 7 : Бидете оптимисти.
Признајте им на Вашите дечиња дека ова ќе биде тажен момент за сите , само не заборавајте да нагласите дека се се случува за доброто на сите.
Чекор 8 : Очекувајте го нивниот гнев
Немојте да бидете изненадени доколку Вашите деца бидат гневни и лути на вас и Ве обвинуваат за разводот. Потполно е природна нивната реакција се додека бидете сосема искрени и продолжете да комуницирате со нив.