cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да му помогнете на детето со аутизам

clock-img

18.6.2011

Раната интервенција е клуч за подобрување на изгледите за децата со аутизам, невролошко нарушување што ја оштетува комуникацијата и социјалните способности. Еве неколку стратегии кои би Ве заинтригирале.

Чекор 1 : Однесете го Вашето дете на целосно лекарско испитување.Одредени проблеми во однесувањето кои се поврзани со аутизмот понекогаш може да се редуцираат како што се гастроинтестиналните проблеми и алергии кои  можат да се ублажат.

Чекор 2 : Ставете го Вашето дете на режим со целосна редукција на глутен, казеин, што значи од исхраната исклучете ги јачменот, ‘ржот, овезот, пченицата и млечните производи. Многу семејства на деца со аутизам имале добри резултати – но само доколку диетата е проследена во целост, без исклучоци.

Чекор 3 : Нека започне Вашето дете што поскоро да оди на говорна терапија . Ако Вашето дете е невербално, обидете се со комуникациски систем за размена на фотографии КСРФ (PECS). Ова е техника во која се користат сликовити картички, со кои може да се поттикне говорот кај децата.

Чекор 4 : Започнете со сензо – интегрирана терапија, која се покажа како многу ефикасна кај децата со аутизам. Така децата стануваат помалку чувствителни на светлина, звук и допир.

Чекор 5 : Ангажирајте професионален терапевт кој ќе им помогне на дечињата во подобрување и учење на вештините, кои им се потребни за самостоен живот. Во зависност од детето тоа може да биде нешто како физичка координација за справување со лутината.

Чекор 6 : Користете применети анализи за однесување , или ABA единствена интервенција одобрена од страна на генералната канцеларијата на хирурзи “ Surgeon General’s Office. ABA претставува еден на еден пристап со што се учат децата како да се  реагира соодветно на секојдневните социјални ситуации со помош на награди. Родителите треба или да вработат ABA  - обучени терапевти  или самите да ги научат техниките.

Чекор 7 : Обидете се  со други терапии. Повеќето деца со аутизам имаат корист  од комбинација на третмани.

Чекор 8 : Вклучете вербално комуникација и наменете ја за развој на јазичните вештини преку мотивираност и наградување.

Чекор 9: Тестирајте го TEACCH пристапот, кој е прилагоден на образовната програма за предности на детето и слабости. Бидејќи децата со аутизам имаат тендеција да бидат визуелни ученици, програмата е структуирана околу визуелните индиции.

Чекор 10 : Запишете го Вашето дете во училиште кога ќе наполни 3 години. Лицата со хендикеп според законот за образование бараат државата да обезбеди  посебни образовни услуги за децата со посебни потреби  кои започнуваат на оваа возраст.

Чекор 11 : Истражувајте колку што можете повеќе за аутизмот, нови терапии се тестираат и развиваат цело време.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет