Како да одберете спорт за вашето дете?
Како да му помогнете на вашето дете да одбере спорт во кој најдобро ќе ги огледа неговите потреби и интереси?
Како што децата растат, најверојатно ќе бидат привлечени да учествуваат во спортови. Но не сите деца се заинтересирани или успешни во сите спортови. Некои деца се понаклонети кон тимски спортови, додека другите претпочитаат индивидуални спортови. Некои типови на тело се повеќе изградени за одредени спортови, некои за други.
И, како да му помогнете на вашето дете да одбере спорт во кој најдобро ќе ги огледа неговите потреби и интереси?
Ниво на тешкотија - средно
Потребно време - неколку часови поединечно за период од неколку месеци.
Покажете му на детето различни спортови. Интересот на детето е најдобар индикатор дали ќе ужива да учествува. Значи најдобро е да искуси повеќе различни спортови. Гледање спортови на телевизија е добар вовед, но многу е подобро да бидеш публика во живо. Разговарајте што им се допаѓа а што не во секој спорт.
Запазувајте ги знаците на ентузијазам. Како што ги проверувате различните спортови, пробајте да забележите кој изгледа најинтересен за вашето дете. Слушајте го за да увидите кои се неговите топ избори. Можеби ќе разговара за играчите, стратегиите, или можеби ќе им раскажува на другите за искуството. Ако гледате и слушате, ќе соберете некои совети за спортот што го интересира најмногу.
Истражете - тимски или индивидуално? Некои деца повеќе сакаат да учествуваат во тимски спорт како фудбал или кошарка каде што имаат улога во тимот. Други деца повеќе сакаат да бидат во тим каде што нивните лични вештини најмногу доаѓаат до израз, како на пример пливање, тенис или голф. Некои може едноставно да уживаат индивидуални спортови како велосипедизам или гимнастика. Како што го набљудувате вашето дете, обидете се да дознаете кои се неговите преференци. Овие набљудувања ќе ви помогнат да го одберете најсоодветниот спорт за вашето дете.
Спојте го спортот со типот на телото на вашето дете. Ниско дете може е подобро да тренира фудбал одколку кошарка. Доколку има висок раст може повеќе одговара за кошарка. Иако секогаш има и пониски од просечните кошаркари и помали од обичните фудбалери, веројатноста за успех на млади години има доста поврзаност со типот на телото.
Пробајте повеќе спортови. Откако сте издвоиле неколку спортови кои изгледа дека вашето дете ги ужива, испробајте ги. Иако треба да се избегнува играње повеќе од еден спорт за време на сезона, во ред е да играат фудбал на пролет, одбојка во зима итн.. Како што ќе започнат да се идентификуваат со еден спорт, тогаш слободно занемарете ги останатите.
Поминете време учејќи вештини еден на еден. Една од најдобрите работи што родител може да го направи со своето дете е да го научи на основите на спортот. Тоа е квалитетно поминато време со вашето дете кое ќе му помогне да ги научи основните вештини во незаканувачка атмосфера. Ако спортот вклучува вештини кои не ги владеете, пробајте да ги учите заедно.
Одведете го на преглед. Пред активно да учествува во некој спорт, осигурајте се вашето дете да има физички преглед. Дискутирајте го спортот со вашиот доктор и разговарајте за физичките барања од тој спорт. Премногу често децата се повредуваат за време на спортот бидејќи не се потполно подготвени или имаат некоја граница за која не знаеле претходно.
Учете одговорност. Учеството во спортот бара одговорност и дисциплина од детето, но и од родителот. Вежбање по дома, одговорност за опремата, пристигнување на време на тренинзи и натпревари. Спортовите се одличен учител за лична одговорност.
Совети
Ако вашето дете е тешко и мрзеливо, започнете со поситни работи. Купете му скејт, велосипед или трамболина е добар начин на транзиција од видео игрите кон поактивен животен стил.
Земете во предвид помалку популарни спортови. Организирани спортови може да бидат и поразлични од фудбал, кошарка, бејзбол итн. Вие и вашето дете можеби сакате да размислите за боречки вештини, велосипедизам, одбојка, трчање, мечување, танцување. Сите овие се сметаат за спортови и ќе го научат вашето дете на важни вештини.
Не се обидувајте да ги проектирате вашите интереси од минатото, на вашето дете. Иако сте биле одличен кошаркар во вашата младост, можеби тој спорт не е за вашето дете. Учеството во спортови е многу поважно одколку самиот спорт кој ќе се одбере. Присилувајќи го детето во спорт кој само вас ви се допаѓа најчесто не дава резултати.