cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да ослабите по породувањето?

Можеби се прашувате зошто на стомакот му треба толку време за да се врати во нормала и ќе може ли Вашето тело некогаш да биде исто како пред бременоста и породувањето

Како да ослабите по породувањето?

 

 

Детето го менува Вашиот живот во секој поглед – но го менува и Вашето тело. Некои промени на телото можеби ќе Ве изненадат, ако сте мајка за прв пат. Можеби се прашувате зошто на стомакот му треба толку време за да се врати во нормала и ќе може ли Вашето тело некогаш да биде исто како пред бременоста и породувањето. Ако ги погледнете славните мајки, можеби ќе помислите дека излегле од породилната сала со изглед како никогаш да не родиле. Но, реалноста е друга.

Бременоста и бебето влијаат на секој дел од Вашето тело, а независно од славните мајки, на повеќето обични смртници им треба повеќе од година дена за нивното тело да се врати на старо.

 

Зошто и понатаму изгледам како да сум бремена?

Една од првите работи која мајките ја забележуваат по бременоста е тоа што и неколку месеци по породувањето и понатаму изгледаат како да се бремени. Тоа е совршено нормално. Да се потсетиме – бебето во Вашето тело беше девет месеци. Од моментот на раѓање Вашето тело почнува да се маналува и да се враќа во состојбата пред бременоста, но станува збор за бавен процес. Потребни се одприлика четири недели за Вашата материца да се врати во својата нормална големина, а многу жени ќе изгубат уште четири до пет килограми во првите две недели, бидејќи телото се ослободува од вишокот на течности. Но ако Вие не сте ги изгубиле тие килограми, не грижете се – и тоа е нормално.

 

Како да ги изгубите трудничките килограми?

Иако можеби Ви се брза да почнете со програма за вежбање или со диета, најважно за почеток е да почнете со лесни вежби за да избегнете повреди. Дури и мајките кои се во одлична форма имаат проблеми со почетокот на вежбање. На крај, да се носи и да се рди бебе е голема и важна работа, од која организмот треба да се опорави. Разговарајте за тоа со својот доктор и имајте на ум дека може да почекате со почетокот на вежбањето, зависно од тоа какво породување сте имале, од четири до осум недели.

Доењето може да Ви помогне да изгубите дел од килограмите, бидејќи на доилките  им се потребни околу 500 kcal дневно повеќе. Ако доите, внимавајте на тоа да му го дадете на телото потребото гориво, за да ја задоволи зголемената потреба за енергија. Сега не е момент да бидете на диета: ако премногу го намалите внесувањето на калории, можете да ја намалите количината на млеко, а наглото губење на килограмите, може да испушта токсини кои потоа завршуваат во Вашето млеко. Добра вест е што можете да вежбате додека доите. Истражувањата покажуваат дека умереното вежбање не влијае на квалитетот на млекото, се додека телото добива доволно калории.

 

Препреки за вежбање

Можеби одвај чекате да ги изгубите килограмите со зголемена активност, но вежбањето во првите месеци по породувањето може да биде тешко.. Еве неколку проблеми кои можат да се појават:

  • замор и исцрпеност – тоа се чести проблеми по породувањето, посебно ако доите, бидејќи доењето ги уморува мајките. Внимавајте на степенот на сопствената енергија и извршувајте го само тоа што нема да Ве уморува. На бебето му треба сета енергија, која моментално ја имате.
  • хаотичен распоред – во првите недели по породувањето распоредот за хранење на бебето може постојано да се менува, заради што е многу тешко да се следи некоја секојдневна рутина.
  • временско ограничување – може да се покаже дека за вежбање Ви останале само неколку минути во затрупаниот распоред кој многу мајки го имаат со новороденчињата. Искористете го времето кое го имате и вежбањето распоредете го во различни периоди од денот.
  • промени во расположението – како Вашите хормони ќе се враќаат во нормала, може да добивате осцилации во расположението, а може да добиете и постпородилна депресија. Вежбањето е добар начин да Ви се поправи расположението, но секако разговарајте со лекар за решавање на Вашата ситуација.
  • чувство на вина – многу мајки имаат чувство на вина кога ќе си земат време за вежбање. Да Ве потсетиме – ќе бидете подобра мајка ако си посветите малку време себеси. Освен тоа, ако водите доволно грижа за себе – ќе му дадете добар пример и на детето.

 

Еве неколку  начини како да го вклопите вежбањето во секојдневниот живот

  • поделете го вежбањето во текот на целиот ден – јасно е, немате премногу време. Но имајте на ум дека само неколку минути вежбање дневно е одлично , барем за првите месеци по породувањето.
  • поедноставете ги работите – за вежбање не е потребно одење во теретана. Можете да вежбате и дома, истегнати во дневната соба додека бебето спие,  трчајќи по скалите, вежбајќи со помош на столица.
  • барајте поткрепа – додека е бебето мало потребна Ви е сета помош која можете да ја добиете. Разговарајте со семејството и пријателите, кажете им ги своите желби и планови, замолете го сопругот да помогне.
  • концентрирајте се на она што е важно – лесно е да ја изгубите желбата за вежбање и да почнете да мислите дека ќе имате вишок килограми или опуштен стомак засекогаш. Верувајте, Вашето тело ќе се врати во нормала. Можеби нема да биде какво што било, но секако дека ќе се измени кон подобро.

 

Кога Вашето бебенце малку ќе потпорасне, ќе имате време да ги распоредите Вашите приоритети на поинаков начин.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет