Како да се намали ризикот од СИДС кај новороденчињата?
Синдром на ненадејна смрт на новороденче, исто така познат како смрт во креветчето, е необјаснета смрт, обично за време на спиењето, на навидум здраво бебе помало од една година

Иако причината е непозната, се чини дека синдромот на ненадејна смрт на новороденче може да биде поврзан со абнормалности во делот од мозокот на новороденчето, што го контролира дишењето и разбудувањето од сон.
Совети за намалување на ризикот од SIDS
- Бебето секогаш треба да спие на неговиот грб.
- Користете направа за влажност на воздухот, која секогаш ќе ви биде поставена на минимални 40% влажност.
- Температурата на собата треба да биде од 19 до 21 степен.
- Не ставајте премногу облека на вашето бебе.
- Не користете браници за креветчињата и не оставајте перници или играчки во креветчето.