Како да се намали тeмпературата кај бебињата
Температурата е добра причина за загриженост, особено кај младите доенчиња. Значи, ако мислите дека на вашето бебе му е жешко или се чини дека е болно, измерете ја неговата температура. Најточно читање ќе добиете ректално, со дигиталниот топломер
Прво исчистете го топломерот со алкохол, или сапун и топла вода. Оставете го малку на собна температура и потоа врвот премачкајте го со вазелин. За да му измерите температура, можете бебето да го поставите на грб, во позиција за менување пелена.
Вклучете го топломерот и нежно вметнете го околу 2 сантиметри. Почекајте го звучниот сигнал пред да го отстраните. Ако вашето дете е помладо од 3 месеци и има температура над 37.5 степени, веднаш посетете го вашиот лекар.
Доколку вашето дете е поголемо од 3 месеци и има температура над 37.5, или има треска која трае подолго од еден ден, јавете се кај вашиот педијатар. Исто така, известете го доколку вашето дете има и други симптоми, како што се намален апетит, намалена активност, некаков осип... Се додека не се намали температурата, тоа нека биде вашиот примарен фокус.
Дозволете му да се одмори и внимателно следете за некакви промени во однесувањето. Дајте му парацетамол или ибупрофен единствено ако вашиот лекар ви одобри.
Многу е важно вашето дете да биде хидрирано. Затоа, понудете му дополнително течности за разлика од нормалното. Зголемената доза на течности ќе помогне со чистењето на токсините од неговото тело и испорачувањето на потребните хранливи материи. Доколку пелената на вашето дете е сува повеќе од осум часа, или плаче без солзи, можеби е дехидрирано.