cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да се опуштите во текот на бременоста?

Единаесет е наутро, а вас веќе ви се спие? Ништо необично за трудница, бидејќи бебето кое расте во вас брзо ве заморува. Опуштете се. Еве како

Како да се опуштите во текот на бременоста?

Морате да бидете свесни дека со бременоста доаѓа и голем физички и психички замор и стрес. Одморањето и опуштањето се задолжителни.  Во прилог се неколку  совети како да се приморате себеси на задолжителна релаксација.

 

Забавете. Тешко е да се одржува нормален работен ритам и на работа и дома. Наместо да се трудите да бидете како порано, изменете го својот распоред. Морате да се прилагодите на физичките и емоционалните промени на своето тело.

 

Префрлете дел од обврските на некој друг. Не се обидувајте да контролирате се што се случува околу вас во текот на бременоста. Некои обврски префрлете ги на сопругот, некои на вашите најблиски, а нешто и на колегите на работа.

 

Планирајте. Размислувајте и планирајте однапред и така намалете го стресот. Имате слободно време да размислувате за породувањето, педијатарот на детето и грижата за него, дури и во раната бременост.

 

1

 

Нека не ве загрижуваат небитни работи. Подгответе ги за бебето најосновните работи, како креветче, облека, кадичка, шишенца и слично. Немојте да се оптоварувате со непотребни работи за бебето, кои служат само за да ви ги извадат парите од новчаник.

 

Не ги слушајте сите. На младите трудници им се даваат еден куп совети и се оптоваруваат со непроверени работи кои предизвикуваат вознемиреност и стрес. Избегнувајте ги и за се што ве интересира консултирајте се со вашиот гинеколог.

 

Паузите се многу важни. Одвреме навреме во текот на денот одморете, на 15 минути или пола час. Одете на викенд со саканиот, на фризер или на педикир. Секако, не смеете да го нарушите сонот. Одете навреме во кревет.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет