Како да се организира времето пред поаѓање на училиште?
Како да го организирате времето на децата, посебно на првачињата, пред поаѓање на училиште на 1-ви октомври
Следува еден период многу специфичен и особен пред поаѓање на децата во училиште, бидејќи децата индиректно се учесници и во исчекување кога и како ќе тргнат на училиште. Тие што ќе бидат второ одделение, имаат основни сознанија како се одвива наставата во училиштето. Децата што биле во претшколските установи имаат основни сознанија и подготовки. Но сепак критични се првачињата. За нив треба голема претпазливост во приодот од страна на родителите. Голема е и паузата од како не беа во предучилишните установи каде децата имаа организиран целодневен престој.
Овде се цело време психолозите кои дадоа многу корисни информации и совети, како да се постапува во комуникацијата и приодот со децата. Децата се претежно пред компјутерите. Тоа е еден цел свет на брзи информации, кои мозокот ги прима и прима и не располага со доволно време и одмор ниту пак тие информации се соодветни за детската возраст за да истите може мозокот правилно да ги процесуира. И доаѓа до една презаситеност и преоптеретеност на мозокот, еден психички замор кој најдобро се гледа преку вниманието кое не е насочено кон соодветна активност, скока од предмет на предмет, од звук на звук. И родителот гледа и се соочува со состојба на детето кога тоа не е истрајно и сконцентрирано да изврши една задача до крај. А пластичноста на детскиот мозок и неговата прилагодливост е интензивна до 5 година од животот. Многу нерви созреваат и после раѓањето на детето. Еден таков е и n.optikus. Треба да им се контролира времето и временски ограничи седењето. Важно е и да се контролираат и содржините кои детето ќе ги следи на компјутерот. Многу од содржините предизвикуваат страв, и тој страв да го потиснат во потсвеста. Потиснатиот страв ќе се претвори во видлива вознемиреност и неконцентрираност. Вознемиреноста може да прерасне во гнев и испади на бес и до отворена агресија. Или спротивно на вознемиреноста е ако детето се повлече во себе. И тука од логопедски аспект може да се појави елективен мутизам. Ако се собере седењето пред компјутерите слушањето на сите овие информации за ковид ситуацијата, може детето да се повлече во себе и на јавни места или кога ќе појде во училиште да одбива да зборува. На одморот може само тивко да шепоти со некое другарче кое го знае од дома. Сите овие стресни ситуции можат да предизвикат и енурезис ноктурна-ноќно мокрење. Уште една ситуација која може да се појави кај детето е и муцањето. Спротивно од насоката на препуштеност на себе и недоволна контрола на детето, е ситуацијата кај денешните родители, е и преголемото презаститување и посветување во заеднички активности со детето, каде родителот ја превзема водечката улога и поголем дел од барањата и задоженијата тој ги извршува наместо детето. Тоа преголемо посветување на внимание каде детето е пасивен посматрач во многу активности, а кои му се во вид на наредба, го води кон пасивност, се губи креативноста, тоа не се труди да дојде до сопствени патишта на решение и заклучоци. И ете пак назаинтересираност и недостаток на иницијатива и несамостојност и фрустрираност. Тука е и ситуацијата која ние често како логопеди ја истакнуваме дека треба да има реакција на одлагање на задоволување на основните потреби на детето. Тоа да почувствува дека има потреба од нешто, таа информација во вид на задоволување на потреба да дојде до мозокот. Да се потруди да дојде до родителот да каже и покаже со прст и збор. Оваа постапка која се развива кај секое дете е основа за појава и развој на говорот. И ете после вознемиреност кај родителите и безброј прашања зошто детето не зборува, зошто не не гледа во очи и дава слика на лажен аутизам кога цело време завршува пред телевизор оставено само со себе.
Играјте, на почетокот на играта воведете ги, поттикнете ги дека со коцките или пластелинот можат сами да продолжат да моделираат и констуираат, и да направат тоа што сами ќе замислат. Читајте им приказни. Застанете сами, нека го раскажат крајот од приказната. Нека се обидат за смислат и кажат друг крај на приказната. А што би било кога? Како би било кога би постапиле на друг начин? Поставувајте им прашања, а децата сами нека доаѓаат до одговорите. Многу одговори, дијалози и песни можат да ги изразат и на ликовен начин и со моделирање. Многу често ќе каже дека му е досадно. Родителот треба да го посоветува дека треба само да се дружи со другарчињата или да се оддалечеме од детето без објаснување. Мора тоа на внатрешен мисловен план да поттикне активност, креативност и да доаѓа на негов својствен начин до решенија.