Како да се всади добра работна етика кај децата
Едуцирајте ги Вашите деца со всадување на добра работна етика, научете ги на одговорност, почит и способност за работа со другите како и учење на придобивките од напорната работа.
Чекор 1 : Доделување на задолженија
Доделете им задолженија на Vашите деца. Малечките дечиња можат да ги собираат расфрланите играчки или да помагаат при поставување на масата за ручек, а постарите деца може да го средуваат тревникот, да метат или да бришат прашина.
Чекор 2 : Охрабрувајте ги Вашите деца
Охрабрувајте ги Вашите деца да ги завршат своите задолженија.
Чекор3 : Наградете ги
Наградете ги за добро одработената работа. Дајте им соодветен надоместок.
Чекор 4 : Штедење
Учете ги Вашите деца како да штедат пари.Тие можат половина од својот надоместок да го стават во банка, како заштеда која ќе може да ја искористат за нешто што сакаат да си го имаат.
Чекор 5 : Бидете им добар пример
Учете ги Вашите деца на етиката за работа, со тоа што ќе им бидете добар пример. Немојте да се жалите за работата, зборувајте позитивно и споделувајте ги Вашите успеси со децата.
Чекор 6 : Помогнете им да ги пронајдат своите интереси.
Помогнете им на Вашите деца да ги пронајдат своите интереси. Дозволете им да се вклучат во различни активности.
Чекор 7 : Нека се приклучат во тимски спорт
Вклучете го Вашето дете во тимски спорт, каде ќе може да ги научи вредностите на тимската работа.