Како да се заштитите од болестите на градинката?
Имунитетот на децата кои одат во градинка не е изграден до крај. Колку е детето помало, толку е поподложно на разни болести кои во градинката се концентрирани на едно место. За среќа, болестите и заразите ќе влијаат позитивно на детскиот имунитет
Организмот на детето низ борбата со болестите ќе зајакне и ќе се изгради, така што ќе развие антитела.
За претшколските деца, кои одат во градинка, нормално е да имаат 10-12 инфекции годишно. За жал, болестите од градинката се прошируваат на целото семејство.
Кашлањето, кивањето и блискиот контакт се начини на ширење на болеста. Раката ја ставаме на уста кога кашламе и киваме, ја ставаме во близина на носот, потоа се ракуваме и допираме меѓусебно и така рацете стануваат извор на бактерии. Заради тоа е важно да се потсетиме на првото и основно правило: “Мијте ги рацете!”
Како да се заштитиме од болестите на градинката?
- Редовно мијте ги рацете со вода и сапун
- Не ги делете го членовите на семејството шамивчињата, четките за заби и спрејовите за нос.
- Што помалку допирајте ги очите, носот и устата.
- Оддалечете се од луѓе кои кашлаат и киваат.
- Спијте доволно за да бидете одморени.
- Проветрувајте 3-4 пати на ден по 5-10 минути.
- Избегнувајте да се ракувате и прегрнувате со разни луѓе.
- Одржувајте ја влажноста на воздухот, посебно кога спиете.
- Потрудете се да се рекреирате и најмалку три пати неделно имајте некој вид на рекреација.
- Туширајте се под топло-ладен туш.
Мерки на претпазливост во градинката
Многу е важно децата во градинката да имаат можност за пристап во купатилото каде можат да ги измијат рацете. Исто така е важно да имаат крпи за бришење за еднократна употреба. Доволно е да имаат обчен сапун за миење раце. Антибактерискиот сапун се користи само ако во градинката има епидемија или сериозни инфекции.
Болестите кои ги носи градинката најчесто се безопасни настинки и вируси и во најголемиот број од случаите поминуваат со покачена температура и исцрпеност на организмот. Тие болести се доволно едноставни и детскиот имунитет самостојно успева да се избори со нив. Антибиотици често не се потребни, бидејќи најверојано се работи за вирусни, а не бактериски инфекции. Во текот на болеста децата треба да земаат многу течности и да се вратат во градинката кога болеста ќе помине.