cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како изгледа телото на фитнес модел по породување?

Кога инструкторот по фитнес Алекса Џин Браун објави фотографија на Инстаграм оваа недела, само 4 недели по породувањето, не покажа стомачни мускули, туку го покажа нејзиниот насобран и голем стомак...

Како изгледа телото на фитнес модел по породување?

 

Ова сум јас, 4 недели по породувањето.Колку што мојата работа е да ве мотивирам, верувам дека исто моја работа е да бидам искрена со вас. Нашето општество ја стави идејата во нашите глави дека жените треба веднаш по породувањето да се вратат на својот претходен изглед, но тоа не е реално. Тоа не е вистина за повеќето од нас. Јас имам многу стрии и стомакот ми е голем и опуштед и тоа е ПЕРФЕКТНО НОРМАЛНО и Океј. Се сеќавам дека кога бев бремена и кога гледав како некои жени од болница излегуваат со рамен стомак, си велев: “Уау, се надевам дека и јас ќе можам да го постигнам тоа”. Постојано чувствував притисок да се вратам во форма. И покрај тоа што не можев, се чувствував прекрасно по двете породувања, бидејќи моето тело направи две прекрасни бебиња.

Ако и вие сте опседнати со враќањето во форма, се срамите од своето тело, иако сеуште немате бебе, ве молам ПРЕСТАНЕТЕ. Нашите тела се прекрасни и чудесни и треба да го сакаме секој милиметар од нив. Многу љубов за многуте прекрасни мајки во светот!

 

1

 

2

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет