cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како патувањето со деца да ви биде полесно?

Еве неколоку стратегии за „преживување“ на патот, идеи за забава и практични совети кои ќе ви помогнат да си поминете полесно:

Како патувањето со деца да ви биде полесно?

 

Пакување

Долгите патувања со деца не се воопшто забавни, но, знаат да бидат и опуштени доколку добро испланирате с?, бидејќи авантурата започнува веднаш штом ќе го напуштите домот.

1. Спакувајте една мала торба, во која ќе ставите облека за следниот ден доколку патувате навечер, како четка за заби, пижами и с? што мислите дека ви е потребно за следното деноноќие.

Многу ќе биде полесно да го отпакувате прво тоа кога ќе стигнете, отколку да се изгубите во огромниот куфер пол со с? и сешто.

2. Земете ги ќебето и перницата на вашето дете доколку имате простор за тоа. Ова е многу важно, бидејќи децата си ги сакаат своите работи, посебно кога треба да преспијат на ново и непознато место. Секако, и во автомобилот ќе им биде поудобно доколку има каде да ја потпрат главата и со што да се покријат.

3. Децата можат да истурат сок или да извалкаат нешто со храна, па затоа имајте ролна тоалет и влажни марамици секогаш при рака за брзо чистење. Исто така и кеса за ѓубре ќе ви биде од помош доколку не сакате целиот автомобил да биде расфрлан.

 

Преживување на патот

Земете грицки - грицкањето може да биде како еден вид занимација, а децата секогаш сакаат нешто да стават во уста. Обидете се тоа да бидат некои здрави грицки.

Победете ја досадата - ставете ги омилените песни на вашите деца на CD или USB за тие да се чувствуваат пријатно и притоа да се забавуваат, или доколку имате таблет може еден дел од патувањето да им помине во гледање цртани филмови, и никако не заборавајте неколку нивни омилени играчки.

Седнете назад до нив - контакт со децата и неколку игри може да помогнат доколку забележите дека почнуваат да збеснуваат.

Обидете се да ги избегнете солзите - може да дојдете до момент кога ниту пеење, ниту грицкање и дружење нема да ви помогне, едноставно вашето дете сака да излезе од автомобилот, но обидете се со зборови да го убедите детето дека не треба да плаче и дека с? ќе биде во ред наскоро.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет