cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како правилно да ги миеме забите?

clock-img

23.6.2014

Хигиената на устата е од огромно значење во профилактиката на забите и непцата. Најчест начин за отстранување на наслагите, а воедно и начин за одржување на основна усна хигиена е користењето на четка и паста за заби

Како правилно да ги миеме забите?

 

Доволно е забите да се мијат 2 пати дневно, наутро и навечер, во времетраење од 3 до 5 мин. На секои три месеци, четката треба да се заменува со нова. Уште подобро е ако се користат 2 четки, едната за наутро, а другата за навечер.

 

Чистете ги забите со бавни кружни движења 

За жал, повеќето луѓе ги четкаат своите заби неправилно, поточно користат хоризонтални движења. Запомнете: четката се држи под агол од 45 степени према линијата на непцата. Правете бавни кружни движења, внимавајќи притоа врвот од четката да го задржите на едно место. На секој заб треба се задржите околу десетина секунди.

Со бавни кружни движења се чистат лабијалните (надворешни) површини на забите. Подолгите снопчиња достигаат во просторот меѓу забите.

На ист начин чистете ги и оралните (внатрешните) страни на забите. Со движење на четката во правец напред – назад се чистат џвакачките површини на горните и долните катници.

 

ПРЕПОРАКА: Користете интердентални четки! 

Кога забите се мијат со четка и паста за заби се чистат само три површини од забот (од вкупно пет). На останатите две (меѓу забите) површини им е потребна особена грижа, бидејќи таму најмногу се натрупуваат наслаги и храна.

Бидејки тие простори се тешко достапни за хигиена, се препорачува употребата на интердентални четки. Тие четки стигаат до аглите и вдлабнувањата на меѓузабните простори. На тој начин всушност се контролираат наслагите на местата кои не можат да се исчистат со конци.

 

Забните конци треба да се употребуваат во случаите каде има тесни меѓузабни простори.

За да се контролира квалитетното миење на забите и воопшто усната хигиена, може да се користат индикатори - различни таблетки или раcтвори кои ги обојуваат местата каде има наслаги.

 

Здрави заби за цел живот 

Тоа не треба да е само мечтаење, туку ЦЕЛ кон која треба секој да се стреми. Тоа би се постигнало со два пати дневно миење на забите, користење конци за заби, правилно хранење и редовно професионално чистење на забите кај стоматолог.

 

Професионалното чистење на забите е манипулација која се изведува од вашиот стоматолог и вклучува отстранување на сите меки и тврди наслаги на забите. Манипулацијата се извршува со ултразвучни апарати, рачни инструменти, полирање со гумичка, четка и паста. Стремежот за отстранување на наслагите и забниот камен постои поради тоа што тие се основните фактори за пародонтопатии.

 

Грижата за забите резултира со: здрави непца, пријатен здив, бели заби и блескава насмевка. 

 

д-р Фросина Дајо

доктор по општа стоматологија

 

doktori.mk.logo

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет