Како правилно да ги заштитите очите од сонцето
Можеби сте навикнале да носите заштитен крем во текот на целата година, но што правите за да ги заштитите своите очи во текот на сончевите месеци? Ова се совети од офталмолог
Фотокератитис е болна состојба на очите предизвикана со долго изложување на очите на невидливите ултравиолетови зраци, кои се одбиваат од површината на водата, песокот, снегот и мразот, но и од вештачки извори како што се солариумите.
„Изгорениците на предниот дел од окото, т.е. рожницата доведува до болка, црвенило, оток, засилено лачење на солзи, пречувствителност на светлина, а може и повремено да се влоши видот. Иако е многу неугоден, фотокераститисот обично поминува многу брзо.
Во олеснување на симптомите помагаат ладни облози и вештачки солзи, а при тешки облици се пропишуваат локални антибиотици и аналгетици- вели д-р Маша Микуличиќ.
За да се спречи оваа појава офталмолозите ја препорачуваат следната заштита:
1.Секогаш носете соодветни очила за сонце
Ако потрошите извесна сума на пари за очила за сонце, за вас тоа нема да биде обично расфлање со пари, туку инвестиција која може да спречи потенцијални здравствени потешкотии. Лекарите советуваат бирањето на очилата да се сведе на оние кои во целост заштитуваат од штетните УВ зраци.
Важно е очилата да се купуваат кај овластени оптичари, бидејќи очилата со лош квалитет може да нанесат поголема штета од неносењето очила.
Имено, темните очила ги шират зениците па повеќе светлина влегува во окото, а доколку нема филтер за блокирање на штетните УВ зраци, оштетувањата на окото се поголеми отколку во случаите кога окото само се брани од сонцето со стеснување на зеницата.
Освен ако не сте одбрале очила кои целосно го покриваат подрачјето околу очите, класичните очила за сонце може да пропуштаат многу светлина од страните – предупредуваат лекарите.
Добро е да се снабдите со очила кои имаат поларизирани леќи со УВ заштита кои го намалуваат блескотот, го зголемуваат контрастот и ги продлабочуваат природните бои па ви помагаат подобро да гледате.
2.Не ја заборавајте заштитата на очите кај децата
Секоја чест за родителите кои децата ги мачкаат со креми за сончање со висок заштитен фактор, но многумина забораваат на критичното подрачје – самите очи. Децата, имено, треба уште повеќе да го заштитат ова чувствително подрачје.
Во детството повеќето свое време го поминуваме на отворено, па повеќе сме изложени на сончева светлина.
Во детскиот период нашите природни леќи помалку се штитат од штетните Ув зраци па така, мрежницата е поизложена на оштетувања отколку кај возрасните, а окото го памти долготрајното изложување на УВ зраците.
Ако не можете да си дозволите одговарачки очила или детето протестира и ги вади очилата, никако не заборавајте на детето да му ставите на главата шешир со широ обод. Важно е затита да имаат и децата бидејќи децата често го копираат нивното однесување.
Луѓето со посветол тен имаат помалку пигменти за разлика од луѓето со потемен тен, а со тоа и нивните очи се поподложни на оштетувања од УВ зраци.
Па така, ризикот од појава на катаракта, макуларна дегенерација па дури и меланом на окото е поголем кај лицата со посветол тен.
3.Носите контакти леќи? Исто така имате шанса да добиете изгореници на очите.
„Погрешно е мислењето дека контактните леќи содржат заштита од УВ зраци. Но дури и оние кои имаат таква заштита, го заштитуваат само едниот дел од окото, додека слузокожата на окото е изложена на УВ зраците, а таквите леќи не заштитуваат од сончевата светлина.
Затоа е добро да се комбинираат леќите со очила за сонце – советува д-р Микуличиќ.