cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како правилно се перат маските за лице?

Заштитните маски за лице можат да го намалат ширењето на вирусот корона. Бидејќи е задолжително да ги носиме кога излегуваме од дома, многу е важно нивното редовно и темелно перење, а стручњаците објаснија кој начин е најефикасен

Како правилно се перат маските за лице?

 

Според податоците на американскиот центар за контрола и превенција на болести, маската за лице ја намалува можноста за ширење на вирисот корона. Целта е да се заштитат другите, бидејќи многу инфицирани луѓе не манифестираат симптоми и не знаат дека го шират вирусот. Најважно од се е устата и носот да ви бидат покриени.

Без оглед на тоа дали имате маска од платно, или пак медицинска маска, најважно е да држите дистанца. Стручњаците исто така предупредуваат да не ставате маска на деца помали од две години или на било кого кој има проблем со дишењето, не е при свест или не е во состојба да је тргни маската од своето лице.

 

Колку често би требало да се пере маската?

Иако многу научници се уште се обидуваат да докажат колку долго вирусот се задржува на ткаенина, важно е редовно да ја перете маската. Зачестеноста на перењето зависи од тоа колку често ја носите. Ако со неа тренирате или работите и многу се потите, најдобро е да ја исперете веднаш.

Доколку ја носите кратко и не се движите меѓу луѓе, доволно е да ја исперете по 2 употреби.

Кога ќе ја извадите маската, се препорачува да ја оставите на сонце, бидејќи УВ зраците се природна дезинфекција.

 

Како да ја перете маската?

Доколку материјалот од кој е направена тоа го дозволува, најдобро е да ја перете маската во машина за перење. Стручњаците велат дека тоа е добро, бидејќи многу материјали, како памукот, апсорбираат капки. Детергентот и врелата вода ги убиваат вирусите. Доколку материјалот не дозволува или немате пристап до машината, можете да ја исперете маската со топла вода и сапун. На овој начин ќе ги отстраните вирусите.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет