Како се менува мажот кога ќе стане татко?
Мажите обично созреваат покрај саканите жени. Но, тие значително се менуваат кога семејството од двајца членови ќе се прошири, односно кога ќе се роди детето
Промени во однесувањето на мажите по доаѓањето на бебето:
Учење на нови вештини
И мажите менуваат пелени, прават ручек и го успиваат бебето. Се обидуваат секогаш да и помогнат на својата жена и да бидат достапни за неа и бебето, без разлика за какви обврски станува збор.
Мажите стануваат понежни
Кога мажот ќе стане татко, целиот фокус го насочува кон детето, неговите потреби, успеси и грижата за неговата среќа. Иако пред тоа мажот ретко кога бил грижлив, сега сите ќе уживате во неговите нежности.
Прв пат работата не завршува кога ќе се врати дома
Типичен маж по завршувањето на работниот ден, доаѓа дома каде очекува чиста куќа, зготвен ручек и насмеана жена, но доаѓањето на бебето ги менува работите.
Мажот станува поодговорен
Мажите изненадно стануваат поодговорни кога ќе добијат бебе затоа што сакаат да бидат најдобар пример за него.