cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како трајните нокти да ви траат подолго?

Сигурно имате забележано дека во последниве години се повеќе жени се одлучуваат за траен лак за ноктите. Трајните нокти создадени се за жените кои се во постојано движење, се брзаат и немаат време редовно да ги одржуваат ноктите

Како трајните нокти да ви траат подолго?

Совршен траен маникир најдобро е да побарате во професионален салон, а за вас откриваме неколку корисни трикови како да ја зачувате издржливата на трајниот маникир што е можно подолго.

1# Кратки нокти!

Ви се допаѓаат долги нокти? За време на следната посета на салон, размислете дека подолгите нокти обично не сè толку отпорни на надворешни влијанија како кратките нокти. Ноктите не се алатка, тие се украс! Затоа кратките нокти се повеќе издржливи, а трајниот лак на нив подолго останува непроменет. Причината за тоа е што кај кратките нокти само прстите се користат за чистење, миење и слични механички постапки, а ноктите остануваат заштитени.

2# Заштитни ракавици!

Ракавиците се апсолутен „must have“ производ при чистење, миење на садови и други домашни работи. Агресивните средства имаат тенденција да го нагризат лакот, кожата и ноктите, па затоа избегнувајте да ги користите со голи раце, тие ќе ви бидат благодарни.

3# Турпијање!

Понекогаш подолгите нокти се поубави, но пократките секако се попрактични. Помеѓу два трајни маникири, земете ја турпијата во вашите раце и зафатете се за работа. Кога ќе осетите дека вашите нокти се премногу долги, скратете ги со турпијање во едната насока, никако не напред-назад, бидејќи ќе станат подложни на листање и пукање.

1

4# Гел за дезинфекција на рацете!

Хигиената е половина здравје, а вашите раце се изложени на секојдневна нечистотија. Дали користите гел за дезинфекција? Запомнете, алкохолот во овие гелови ќе ги исуши рацете и ноктите, а вашиот маникир по некое време ќе изгледа неуредно, а ноктите ќе станат подложни на листање и кршење. Наместо со гел за дезинфекција, рацете миете ги со млака вода и благ сапун.

5# Масло за кожичката на ноктите!

Маслото се користи за нега, навлажнување и омекнување на кожичката и заноктиците и затоа е неизбежен ритуал. Освен што ја храни и омекнува кожичката и заноктиците, ги хидрира ноктите. Маслото се користи за зачувување на здравјето на ноктите, а со тоа добивате поголема флексибилност на ноктите, додека трајниот маникир ќе трае подолго.

2


6# Крем за раце!

Ја хидрира и храни кожата и ноктите, го забавува растот на кожичката и ги храни заноктиците. Со спречување на растот на кожичката, трајниот лак подобро се прилепува на плочата на ноктите, со што се спречува оштетување, додека хидрираните нокти се пофлексибилни и поотпорни на надворешни влијанија.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет