cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Kапење со бактериите: од базен право на лекар

Домашните базени им се омилени на децата, но и на опасните микроорганизми

Kапење со бактериите: од базен право на лекар

 

Буквално секое дете што деновиве влегува во мојата ординација е со симптоми на пролив, повраќање, дехидрирање. Кога ги прашувам родителите, ми велат – вчера детето се капеше во базен, вели д-р Весна Стојанова Атанасовска, од ординацијата „Медико Марија”.

Амбулантите, приватните ординации, но и клиниките се полни со пациенти кои добвиле инфекции предизвикани од бактерии кои ги „закачиле” во неистечни води. Докторите предупредуваат капачите и сопствениците на базени многу да внимаваат на хигиената.

„Најмногу од децата пациенти што ги носат родителите се капеле во домашни базени, во кои не се прави никаква дезинфекција, не се става хлор. Децата имаат инфекции, како и гнојна ангина најчесто предизвикана од стрептокока. За жал има и многу болни бебиња кои се разболеле откако родителите ги капеле во базен. Тие, особено домашните базени треба да се добро проверени, хлоризирани, филтрирани. Таа вода стои во двор изможена на сончева светлина, условите за размножување на бактерии се совршени“, вели д-р Стојанова Атанасовска.

 

НАЈОПАСНАТА БАКТЕРИЈА

 

Д-р Љупчо Костадиновски од Центарот за јавно здравје предупредува дека најопасна бактгерија која може да предизвика многу инфекции е бактеријата псеудомонас аерогиноза.

„Таа предизвикува иритации на очите, на ноктите. Исто толку опасна како неа е и бактеријата питирјазис верзиколор, која предизвикува габични заболувања. Може да ги иритира очите и да предизвика конјуктивит, инфекција на ушите. Мали деца, бремени жени да избегнуваат стоени и нечисти води. Се препорачува капачите да се тушираат пред да се капат во базен, а спасувачите да не дозволуваат некој со отворена рана, или пак, со завој да влезе да се капе”, вели Костадиновски.

 

ЕДИНСТВЕНИОТ ИЗЛЕЗ

 

Toj вели дека во летниот период има и многу капачи во реките чии води исто така се опасни за здравјето.
„Вардар, Треска, лепенец и Пчиња се реки со загаденост од четврта категорија од микробиолошки аспект и во нив е забрането капење. Но, лично скоро видов родители и деца кои се капат во Пчиња, а таа е полна со фекалии”, додава докторот.

Д-р Лидија Башевска, кожен доктор во Здравствен дом Скопје, вели дека летово немала пациент заболен од кожна болест, иако според неа базените се совршена средина за такво нешто.

„Пациентите не можат да се заштитат. Буквално секој може да заболи ако водата е нечиста. Препораките за одржување тие објекти треба да се почитуваат. Водата треба редовно да се хлорира и прочистува. Освен нега и хигиена, ништо друго не се препорачува како превентива”, вели Башевска.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет