cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кегелови вежби

Кегеловите вежби се едноставни, но многу ефикасни и би требало да ги научи секоја жена, независно дали е бремена или не. За овие вежби не е потребно многу напор, а користа е повеќекратна!

Телото на жената се менува во бременоста при што може да дојде до ослабување на мускулите на дното на карлицата. Материцата расте и мускулите кои ја држат изложени се на напор. Со правилни вежби може да ги зацврстите овие мускули и да ја спречите појавата на неконтролирано мокрење во бременоста или инконтиненција.

Кегеловите вежби спречуваат инконтиненција во бременоста и по породувањето и ги зацврстуваат мускулите што ќе ги подобри сексуалните односи со партнерот по породувањето. Вежбите исто така ја намалуваат можноста од појава на хемороиди, што е честа појава кај трудниците бидејќи го опфаќаат  и ректалното подрачје. Доколку ги практикувате Кегеловите вежби, ќе знаете и да ги опуштите мускулите во тек на породувањето.

 

Како да знаете во каква состојба се мускулите на долниот дел на карлицата?

Во тек на мокрење обидете се да го запрете средниот млаз на урина. Ако успеавте да го направите тоа лесно и брзо, мускулите од долниот дел на карлицата Ви се во добра состојба. Доколку не успеавте да го запрете млазот на урина по неколку недели од практицирањето на Кегеловите вежби ќе бидете изненадени со резултатите.

 

Практично изведување на Кегеловите вежби

Со три едноставни чекори и првата Кегелова вежба е завршена:

- стегнете ги карличните мускули, како што правевте додека се обидувавте да го запрете млазот на урина

- држете ги стегнато додека не изброите до три

- полека попуштете со стегањето и опуштете се

 

Овие вежби можете да ги правите било кога и било каде. Додека гледате телевизија, правите ручек, возите автомобил, на работното место...

Кегеловите вежби ги осмислил dr. Arthur Kegel по што го добиле своето име. Тој ги препорачувал на своите пациентки уште од 1940. година. Осмислени се за да ги зајакнуваат сите мускули на уро-гениталниот тракт.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет