cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кикинда Ричи – Играта на Анакин и Нолан не смее да трпи

Мал милион прашалници како огромен облак секојдневно надвиснуваат над мајките, правејќи стрес и уште поголеми прашања. Едно од оние кои ги мачат мајките секако е моментот на исхрана. Ќе биде ли доволно мајчиното млеко?

Кикинда Ричи – Играта на Анакин и Нолан не смее да трпи

Колку е здрава формулата доколку е потребна дохрана? Кога да започнеме со цврста храна? Домашно подготвена или купена? Како да ги навикнам малите да седат мирни додека јадат? Како да бидат задоволни? Дали воопшто се доволни 24 часа за да постигнам сè?

Кристина Најдовска е македонска инфлуенсерка и мајка на две деца, близнаците Анакин и Нолан кои имаат 18 месеци. За тоа како успева да балансира меѓу бескрајните обврски дома, незапирливата енергија на малите и како низ игра ги учи малите на здрави навики во исхраната, вели:

Денот со близнаците и не започнува така многу рано, се будат околу 8:30 /9:00 часот наутро. Следи припрема на доручек и го имаат првиот оброк најдоцна до 9:30 часот. Најчесто после доручекот сме смесуваат во својата “домашна игротека” што би рекла јас. Имаат премногу играчки можам да кажам, се заигруваат сами. Заедно знаат да се заиграат, но обавезно после тоа следи плачење

Анакин и Нолан никогаш немале проблем со јадење, секогаш се расположени за неа. Секогаш се стремам да имаат здрав и избалансиран оброк. Мора секогаш некој да има околу нив зошто се непредвидливи, а јас, некоја од бабите или дадилката да го спреми оброкот.

Веќе се во фаза кога учат по некој збор преку слики и фигури. Сеуште ја имам контролата над тоа што, како и колку конзумираат и радосна сум што и овошје и зеленчук јадат и дури понекогаш Нолан да каже за некое јадење “мммм” (дека е многу вкусно).

Динамиката на растот, развојот и особеностите на биолошката структура на детскиот организам, ја поставуваат неговата исхрана на централно место. Добра, здрава и балансирана исхрана подразбира употреба на биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби и да обезбедат квалитативен и квантитативен внес на важни хранливи материи. Само на тој начин се обезбедува хармоничен раст и развој на децата и заштита од заболувања. До крајот на првата година бебето треба и може да ги проба сите вкусови, а што повеќе храна ќе се внесе во првата година, подобро и поразновидно ќе јаде и подоцна во детството.

 

2

Но, со сите тековни обврски колку воопшто имаме време за бирање на свежи и органски производи, и колку сме сигурни дека се од контролирано потекло. Токму затоа, кашичките и пирето кои се купуваат се идеална храна за деца поради строго контролираниот квалитет и можноста да се користат и надвор од дома и во текот на играта на малите. Тие се одлично решение и кога сезонското овошје или зеленчук не се достапни или кога мама не може да постигне да подготви оброк. Тие ги содржат потребните витамини и минерали, железо, магнезиум, калциум и селен во вредности прилагодени за потребите на децата. Важно е храната да не содржи адитиви, конзерванси и производството да се одвива во контролирана чиста средина. Важно е дека во кашичките што се купуваат не се додаваат шеќери, туку со самата технологија на производство се зачувува слаткоста на производот.

 

3

Нутрино како производи ги користам барем еднаш до двапати во денот. Реално во денешно време не секогаш во маркетите можам да пронајдам органски зеленчуци и овошје, а време за на пазар со близнаци и речиси да го немам. Сакам да јадат здраво, органско и избалансирано, но ако не можам јас им оставам на професионалци кои знам и верувам дека ќе понудат здрав оброк за моите деца. Кога и јас и сопругот ги конзумираме значи супер вкусни и практични.

Зад брендот Нутрино стои BFF – Baby Food Factory, нова фабрика со најмодерни капацитети, чија грижа за правилната и здрава исхрана на детето е една од најважни задачи.

Нутрино целосно одговара на потребите на бебињата во одредена возраст и која претставува храна подготвена по највисоките Европски стандарди во погоните кои се направени во согласност со стандардите за панели за чиста соба - кои се користат во операционите сали и фармацевтските погони и претставуваат високи стандарди за чистота и хигиена.

За правилен раст и развој на детето неопходен е секојдневно внесување на здрава и разновидна храна. Малото дете лесно ќе започне да се навикнува на нови вкусови, а вам ви останува да му создадете здрави навики кои ќе ги задржи во текот на целиот раст и развој. Научете го детето да јаде здрави и квалитетни оброци, богати со витамини и минерали, а вкусовите кои ќе ги засака ќе му помогнат на детето и подоцна да сака и да јаде здрава храна.

 

4

Секоја мајка има различно искуство и мислење во однос на исхраната на своите деца. На почетокот и јас како и другите прашував и се запрашував дали некаде грешам во однос на исхраната. Секогаш консултирајте се само со вашиот педијатар и доволно е. Близнаците почнаа со дохрана со наполнети 5 месеци и веќе на 5 месеци и три недели имаа два оброка. Јадат се, и готови оброци и домашно припремени оброци. Не двоумете се во однос на  Нутрино оброците -  тие се приготвени од професионалци и 100% гарантираат за тоа. 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет