cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кога дава Госпо, и од баџа дава

Македонски волшебни приказни

Кога дава Госпо, и од баџа дава

 

 

Си биле еден маж и една жена; мажот бил многу мрзлив, а пак жената била многу работна; дотаму мажот бил мрзлив, што дури леб кога јадел, сакал жената му да му го клава в уста. На таков чоек - есапи сега што друго можел да работи. Сета работа била на жената, таа да работи и куќата да ја гледа, на мажа је џепарл'к да му дава, царската вергија да ја плаќа, мажа си да го облекува, опинци да му купува и куќата да ја гледа.

Многу години се така што живееја, при се што го учела и го набедувала да се остаи од таа пуста мрза и да биди и тој домаќин; арно ама, лели толку му бил даро, што да праи, сиромав! Белки и тој сакал да работи и домаќин да биди да не го бреца жената му, арно ама кога не му идело од срце да фати работа, што да праи?

За се го пизмела жената, ама кога да го видеше да лежи во дворот на плеќи под крушата што ја имале и да чека да му паѓаат круши в уста, за тоа најмногу го пизмела и го карала, дури и го клоцала:

- Ах, ах, Госпо да те отепа, море мрзло, мрзло, да што е ова чудо од тебе, што го нема на белега света, ни во Турско, ни во Каурско?! Море, море никаквику, кој лежи како тебе на плеќи и да чека круши да му паднат и од Бога алвица?! Што беше таа пуста мрза твоја што ти ја нарекле на треќата вечер?! Ами ете ти круши паднати до тебе, фати си со рака и клај си в уста!

Поминале многу годиње што го трпела жената тој пусти маж и се туку се надевала да ја остаи таа пуста мрза и да биди и тој домаќин. Арно ама волко ако си ја остаи ќудта, да и тој да си ја остаи мрзата.

- Море, остај ја таа пуста мрза, никаквику - му велела - и стани, работи, за да спечалиш нешто оти старос иди и треба да имаме нешто за стари дни. Ами вака со лежење, зарем чекаш Госпо од баџа да ти дај, а?

- Ако сака Госпо жено да ме обогати и од баџа дава, а домаќинко, ами како мислиш ти?

Откога го ислуша жената, си кроја еден марифет: ја да го разработи, ја да го нема и зела една вреќа та пошла в планина и ти нафаќала змии и смокои, гуштери и гуштерици и му се качила на куќа и му ги истурила од баџа в куќи кај што лежел тој и се засолнала зад мала врата за да види што ќе праи, дали ќе стани да работи, дали ќе лежи да го јадат змиите.

Ами кога му работел к'сметот на мрзливиот! Жената му змии му пуштила од баџа, нему му се сториле алтани и си ги собирал, та кога си дошла жената и се пофалил:

- Еј жено, виде оти кога сака Госпо да дај и од баџа дава? Еве ми еден куп алтани ми пушти Госпо, ела земи ги и биди богата од сега наваму!

Кога видела жената му, на големо чудо беше станала и тогај дури беше поверуала оти секој си е со к'смето што му е определен од Господ.

 

 

 

Адаптирал: Барбара Синадиноска

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет